Доби отказ, па ги изненади сите: Од сопствен џеб им даде плати на останатите вработени

0

Португалскиот дефанзивец Пепе можеби сите го знаеме како бескомпромисен фудбалер на теренот, но тој всушност е прекрасна личност, а тоа го потври при заминувањето од Бешикташ.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, вчера го раскина својот договор со Бешикташ, бидејќи клубот е во тешка финансиска состојба и не е во можност да ги плаќа странските фудбалери.

Дел од вработените во клубот исто така ги немаат добиено своите плати, па Пепе реши да се погрижи за тоа.

Тој до свој џеб ги платил платите за вработените во тренинг-центарот на клубот, меѓу кои куварите, економите и луѓето кои се грижат за одржување на терените.

Со овој потег Пепе ќе остане запаметен како херој кај навивачите на Бешикташ.

Џорџо Кјелини, кој по 100-ти пат настапи во дресот на италијанската фудбалска репрезентација, по ремито на „аѕурите“ против Португалија искажа комплименти за својот колега Пепе. Дефанзивецот на Јувентус имаше позитивни зборови и за Бернардо Силва, но посебно го истакна професионализмот на Пепе, кој по Порто и Реал Мадрид, премина во Бешикташ.

„Пепе цела деценија беше многу важен играч за Реал Мадрид, изненаден сум што игра за Бешикташ. Годините си поминуваат, старееме, но мислам дека тој уште го има задржано високото ниво на квалитет. Тој е вистински пример за останатите, исто како и Бернардо Силва“, изјави Кјелини по мечот на кој Португалците се пласираа на завршницата од Лигата на нациите.

Пепе е роден во Бразил пред 35 години, но од 2007 е репрезентативец на Португалија и има над 100 настапи во дресот на националниот тим на актуелниот европски првак.

Претходна статијаВозачот на автобусот ја откри причината за излетувањето
Следна статијаВнимавајте вечерва масовна појава на екстремно опасниот „црн мраз“