Шоферот заспал според првите резултати од истрагата за превртениот автобус кај Лесковац

0

Ситуацијата беше навистина драматична. Aвтобусот беше превртен настрана. Јас со пожарникарите се качив на автобус. Во возилото имаше четири заглавени патници, а три беа без знаци за живот, изјави докторката Јелена Миленковиќ која заедно со нејзиниот тим први пристигнале на местото на трагедијата, пренесува Курис.рс.

Утрово во близина на Лесковац се преврти македонски автобус при што загинале три лица, четворица се потешко повредени, а триесетина лица се во болниците во Лесковац и Ниш.

Мирсад Малагиќ од Итната помош во Лесковац вели дека добиле информација за голем број на повредени и на местото на несреќата веднаш испратиле два тима. „Откако ни беше јавено дека треба е потребна дополнителна помош, испративме уште три екипи“, објаснува Малагиќ. Од Ниш дојдоа уште пет лекарски екипи.

Пожарникарите ги ослободуваа повредените патници кои беа заглавени во автобусот. Две жени биле извлечени од под автобусот и се меѓу најтешко повредените кои се транспортирани во Клиничкиот центар во Ниш.

„Во врска со автобуската несреќа во Србија, за сега официјално од српските власти ја имаме добиено само информацијата во врска со превозникот, а тоа е дека станува збор за автобуски превозник од Струга, со регистарски таблици Euroturs SU 3325 AC. Се чека на дополнителни инфорамции, потврда за број на загинати и повредени и други информации поврзани со несреќата. Веднаш штом ќе добиеме потврда од српските власти, ќе информираме.

Министерот за здравство Венко Филипче, Генералниот секретар на Влада Драги Рашковски и претставник на амбасадата на Република Македонија во Белград се упатени кон местото на несреќата“, соопштија од македонското МНР, пренесе Фокус.

Причините за несреќата сѐ уште се испитуваат, но според првичните резултати од истрагата најверојатно шоферот на автобусот заспал. Најновите детали од српските медиуми говорат дека страшната несреќа во која се преврте македонски автобус, се случила поради неприлагодена брзина.

Имено, српскиот АЛо пренесува дека автобусот се движел со 98 километри на час, по завеан пат со снег.

Претходна статијаВонредна временска прогноза: Подгответе се за студ – циклонот носи многу снег
Следна статијаПознат идентитетот на настраданите кај Лесковац: Жена од Кочани и маж од Крушево