Снег ширум Македонија: Познато каде треба сите возачи особено да внимаваат

0

Автоо Мото Сојузот на Македонија будно ја следи ситуацијата на патиштата ширум нашата држава и известува за моменталната ситуација. Утрово Македонија, поточно поголем дел се пробуди под снежна покривка кој во текот на денот ја снема, но на одредени места се уште се задржува

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег по интервенцијата на Македонија пат. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува во Делчево, Смојмирово, Кичево, Македонски Брод и на планинскиот премин Плетвар.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен-Охрид (Отешево-Трпејца, преку национален парк Галичица) од 15.11.2018 до 01.04.2019 е затворен за сообраќај.

Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да соообраќаат само до месноста “Kорита”.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Претходна статијаПатник во авион со својот потег го воодушеви светот – мајката немаше зборови како да му се заблагодари
Следна статијаДржавата за која многу Македонци мечтаат да ја посетат конечно доби мобилен интернет