За 25 илјади евра може да ја прославите Новогодишната ноќ два пати

0

Сега можета да ја прославите Новогодишната ноќ два пати, еднаш во Токио, Јапонија и еднаш во Лас Вегас, САД. Се што треба да направите е да соберете 25 000 евра.

Компанијата Кристал Скај, поседува приватен авион со кој ќе бидете пренесени од еден континент на друг. Пакетот кој го продава компанијата Кристал Скај се нарекува Новогодишно Двојно Прославување, нуди две забави.

За оваа цена вие ќе бидете сместени во хотелот Хилтон Токио, од каде што ќе го гледате новогодишниот огномет во Токио Дизниленд, и ќе гледате борби со сумо борачи. Откако ќе завршите со забавата во Токио ќе се качите на луксузниот приватен авион кој ќе ве однесе до Лас Вегас. Летот трае 12 часа.

Во Лас Вегас ќе се забавувате на концерот на Селин Дион, кој се одржува во Колосеумот во хотелот Цезар Палас, каде што повторно ќе ја дочеката новата година.

Претходна статијаФОТО: Северина се огласи по повод разводот со Игор
Следна статијаНема зима за фолкерите – стандардно си „газат“ со турнеи и лапаат бакшиш