Малиот херој: Деветгодишно дете се избори за укинување на стогодишната забрана

0

Деветгодишно дете од градот Севернас, во американската сојузна држава Колорадо, успеа да го „омекне“ градскиот совет да ја укина речиси стогодишната забрана за тепање со снежни топки.

Малиот Дејн Бест им се обратил на градските власти за да ги убеди да се вразумат и да го сменат законот.,,Денешните деца мора да имаат добра причина за да излезат и да играат надвор”, рекло детето на состанокот на Градскиот совет, презентирајќи истражување, според кое, недостигот на игри на отворено доведува до дебелина, анксиозност и депресија.

Неговите аргументи биле убедливи, па Градскиот совет едногласно ја укина забраната, а токму дејн ќе биде првиот што ќе ја фрли снежната топка, според новиот закон.Стогодишната забрана предвидуваше дека се секое фрлање снежен проектил се крши законот.

Речиси стогодишната забрана за фрлање камења или проектили, која се однесувала и на снежни топки во градот од 4.000 жители, е застарена и значи дека секое дете што фрла снежна топка го крши законот.

Претходна статијаЧувајте го вашиот сопруг, дури и ако тој е збрчкан, беспомошен. Не заборавајте дека некогаш бил млад, силен и весел
Следна статијаКосово не ја пушта да си замине Цеца, па таа порача: Никаков проблем – запомнете го тоа