Ана Севиќ стана популарна со учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Освен со пеење, Ана се занимаваше и со водителство, односно ја водеше емисијата „Неки нови клинци“.
Ана е позната и по тоа што е сопруга на пејачот Дарко Лазиќ.
Во 2012 година пред да стане госпоѓа Лазиќ , Севиќ живеала во 30 квадратен стан кој во таа прилика и одговарал на тогашните потреби.
Погледнете како тогаш изгледаше домот на Ана Севиќ.
За потсетување, Ана се уште е законска сопруга на Дарко иако поднесоа бракоразводна потерница. Парот заедно ја има ќерка Лорена.
Пејачката Ана Севиќ израснала со мајка и Даниела. Таа и нејзиниот татко немале контакт цели две децении, а тој дури и не ја видел како изгледа како бебе, туку за прв пат ја запознал како возрасна девојка.
Иако за тоа многумина ја обвинуваат нејзината мајка, очигледно е дека семејните недоразбирања се надминати, бидејќи сега Видан и неговата наследничка имаат одлични односи.
-Ана и нејзиниот татко Видан не се познаваа цели 20 години и немаа никаков контакт за сето тоа време. Мајката на Ана како млада забременила од Видан и со бебето во стомакот дошла во главниот град. Се говорело дека тоа дете е негово, но никој не можел тоа да го потврди, бидејќи тоа била само попатна врска.
Тие немале било какви планови за во иднина, се случило она што се случило и толку. Се ширеле разни гласини, по што оваа приказна се заташкала. Многумина од нејзините блиски, мајка и на Ана ја обвинувале дека нејзиното дете ќе расте без татко. Потоа, таа одлучи да се оддалечи од дома, па почнала нов живот во Белград и наскоро се омажила, раскажал еден добро упатен извор и додал:
“Видан основал свое семејство во Ужице, станал многу почитуван во градот, сите за него ималесамо пофални зборови. По професија е претприемач и има градежна фирма. Со неговата сопруга добил ќерка Маја и имаат хармоничен брак и семејство. Соседите велат дека со Ана се сретнале за прв пат кога таа се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“. Тогаш за прв пат дошол во контакт со неа и сега тие се во постојана комуникација. Се чини дека оние 20 години не направиле непремостив јаз. Ужице е мал град, па кога Ана стана пејачка, се прочу, сите дознаа и така тоа тргна…“.
Сега Ана и нејзиниот биолошки татко Видан се во одлични односи.
-Постојано доаѓал во Белград кај Ана и Дарко кога тие живееле заедно. Дарко му се допаѓал, а особено поврзан е со нивната ќерка Лорена и таа е секогаш му се радува кога ќе го види. Тој е човек кој не сака јавно да се експонира и да дава изјави, тврди изворот.
Извор: Вистина