Охриѓани треба да се гордеат – нивната Биљана била голема љубов на Цар Самуил

0

Дали и колку Охрид и Македонија, продавајќи приказни привлекуваат туристи? Дали знаете во кои Охридски цркви има мошти на светци? Како се прави ѓомлезе? Знаете ли која била Билјана што платно белела?

Ова се само дел од приказните кои привлекуваат туристи и поради кои многумина би го одбрале Охрид како место кое сакаат да го посетат?

Една од приказните која со воодушевување сакаат да ја слушаат туристите, а за жал ретко ја знаат и охриѓани е онаа за Билјана. Која била Билјана?

Едно од тие преданија е она за огромната љубов меѓу цар Самоил и Билјана. За љубовта за преубавата Билјана постои многу интересна приказна која малкумина ја знаат.

Имано царот Самоил имал тајна љубов со Билјана, девојка која заслепувала со својата убавина. Самоил кој бил многу вљубен во преубавата Билјана, тајно се среќавал покрај изворите.

Откако сопругата на царот Агата, по потекло Гркиња, разбрала за оваа голема љубов испратила човек да ја убие, но девојката наместо да умре останала парализирана.

Билјана не сакајќи во таква состојба да ја види царот, се засолнила во пештера на Галичица каде што му родила син на цар Самуил.

Кога тој го открил местото каде што се засолнила Билјана и во каква состојба е таа, царот се расплакал. Преданието раскажува дека точките кои ги има охридската пастрмка се царевите солзи, кои капеле во езерото.

Според легендата кога Самоил конечно открил каде е неговата најголема љубов таа веќе била крајно изнемоштена. Билјана починала во негови раце.

Инаку за бистрата вода на Билјанините извори, македонскиот народ пропеал многу песни. Најпознатата е: Билјана платно белеше“

Извор: Сител

Претходна статија2019-та им носи успех во кариерата на овие хороскопски знаци
Следна статијаПапата Франциск донесе голема одлука за Македонија