Месецов се спремаме за голема македонска слава: Една работа не смеете никако да правите

0

Овој месец се слави Свети Никола, најчестата слава во Македонија.

Све­ти Ни­ко­ла е еден од нај­по­чи­ту­ва­ни­те светци, a го сла­ват и пра­вос­лав­ни­те и ка­то­ли­ците, но и дел од мус­ли­ма­ните, осо­бе­но во Тур­ција.

Во Ма­ке­до­ни­ја и во све­тот има без­број цр­кви, ма­нас­тири, ико­ни и фрески, кои се по­све­те­ни на овој све­тец. Мно­гу ма­ке­дон­ски се­меј­ства ве­чер со бо­га­та посна трпе­за на ко­ја пре­ов­ла­ду­ва­ат ри­ба­та и посни­те сар­ми ќе го просла­ват праз­ни­кот. Све­ти Ни­ко­ла е еден од нај­са­ка­ни­те хрис­ти­јан­ски светци.

Овој све­тец имал мно­гу воз­буд­ли­ва жи­вот­на при­казна, ко­ја со ве­ко­ви ги фас­ци­ни­ра хрис­ти­ја­ните. Ро­ден во ма­ло­а­зис­ки­от град Па­тара, прис­та­ниш­те на ме­ди­те­ран­ски­от брег на де­неш­на Тур­ција, све­ти Ни­ко­ла жи­ве­ел во 4 век, мно­гу пред рас­ко­лот по­ме­ѓу пра­вос­лав­на­та и ка­то­лич­ка­та цр­ква од 1054 го­дина.

Не­го­ви­те бо­га­ти ро­ди­те­ли Те­о­фан и Нина, си­нот Ни­ко­ла го до­би­ле во вре­ме на вла­де­е­ње­то на рим­ски­от цар Ва­ле­ри­јан (253 – 260 го­дина), ал­чен чо­век што по­ра­ди страс­та за зла­то­то ор­га­ни­зи­рал во­ен по­ход на Пер­сис­ко­то цар­ство. Пер­сис­ки­от крал Ша­пур го за­ро­бил во бит­ка­та кај Едеса, го по­ни­жу­вал во за­лож­ниш­тво­то и, на кра­јот, го убил си­пај­ќи му ис­то­пе­но зла­то низ гр­лото, ка­ко сим­бол на не­го­ва­та алчност.

Би­деј­ќи Ва­ле­ри­јан бил прв (и ос­та­нал единствен) рим­ски цар што е за­ро­бен во борба, не­го­во­то за­лож­ниш­тво и смрт пре­диз­ви­ка­ле бран нес­та­бил­ност во Рим­ска­та им­пе­рија.

Во так­во нес­та­бил­но оп­кру­жу­ва­ње рас­тел мла­ди­от Ни­кола. Ко­га не­го­ви­те ро­ди­те­ли ум­ре­ле во го­ле­ма­та епи­де­мија, Ни­ко­ла го раз­де­лил це­ло­то нас­ле­де­но бо­гат­ство. Уште ка­ко де­те се ис­так­ну­вал со доб­ро вос­пи­та­ние по­ра­ди што ста­нал оми­лен и пред Бо­га и пред лу­ѓето. Го од­гле­ду­вал чич­кото, ар­хи­е­пис­ко­пот Па­таре, под чие буд­но око Ни­ко­ла нап­ре­ду­вал во цр­кве­на­та хи­е­рар­хија. По смрт­та на чич­ко му, Ни­ко­ла е из­бран за ар­хи­е­пис­коп мир­ли­киј­ски. Бил и еден од ар­хи­е­пис­ко­пи­те што се по­ви­ка­ни пред ца­рот Кон­стан­тин на са­бо­рот во Ни­ке­ја во 325 го­дина.

Све­ти Ни­ко­ла ум­рел на 19 де­кем­ври 343 го­дина. Пог­ре­бан е во со­бор­на­та цр­ква Мир­ли­киј­ска мит­ро­по­лија, а кон кра­јот на 11 век не­го­ви­те мош­ти се пре­не­се­ни во Бари, во ма­нас­ти­рот Све­ти Јо­ван Пре­теча.

Од све­ти Ни­ко­ла до Де­до Мраз

По цр­ве­ни­от плашт и бе­ла­та бра­да пот­се­ту­ва на де­нес мо­дер­ни­от при­каз на Де­до Мраз. Во по­но­во време, бла­го­да­ре­ние на рек­ла­ми­те и пот­ро­шу­вач­ко­то оп­штес­тво, нај­поз­нат е ка­ко Де­до Мраз (Сан­та Клаус, скра­те­но од Сан­та Ни­ко­ла­ус – све­ти Ни­кола). До­де­ка на пра­вос­лав­ни­те ико­ни е при­ка­жан ка­ко ви­сок чо­век во препоз­нат­лив цр­вен плашт, со епис­коп­ска мит­ра на гла­ва­та и со стап во рацете, ка­ко ги да­ру­ва де­ца­та со по­да­ро­ци од вре­ќата, пот­ро­шу­вач­ко­то оп­штес­тво тоа мал­ку го „за­чи­нило“. Црве­ни­от плашт ос­та­нал, ка­ко и дол­га­та се­да брада, но се до­да­де­ни ирва­си­те што ги вле­чат сан­ки­те со кои Де­до Мраз го оби­ко­лу­ва све­тот во те­кот на Бад­ни­ко­ва­та ве­чер.

Вер­ски­те ана­ли­ти­ча­ри пот­се­ту­ва­ат де­ка све­ти Ни­ко­ла е нај­ран све­тец и е сла­вен во це­ла Ев­ропа, без мно­гу пов­рза­ност со сов­ре­ме­ни­от Де­до Мраз, ис­так­ну­вај­ќи де­ка де­неш­ни­от Де­до Мраз е не­ре­ли­гис­ка и нех­рис­ти­јан­ска ко­пи­ја на све­ти Ни­кола, но де­ца­та се­ед­но му се ра­ду­ваат.

При­чи­на­та за не­го­ва­та по­пу­лар­ност тре­ба да се ба­ра во са­ма­та лич­ност на све­ти Ни­кола, кој це­ло­то бо­гат­ство нас­ле­де­но од ро­ди­те­ли­те го раз­де­лил на си­ро­маш­ните, ста­ри­те и на не­моќ­ните. Со ед­на бов­ча тр­гнал на пат со вер­ба во Гос­под, па се сме­та за чу­дот­во­рец. Во жел­ба да ос­та­не ано­ни­мен, па­ри­те не им ги да­вал на лу­ѓе­то в раце, ту­ку им ги ста­вал в џеб за да се из­не­на­дат ко­га ќе ги нај­дат. Ток­му по­ра­ди не­го­во­то доб­рот­вор­ство про­из­лег­ла ле­ген­да­та за Сан­та Клаус, од­нос­но за Де­до Мраз, кој во­о­чи Бо­жик би им ос­та­вал по­да­ро­ци на де­ца­та во чо­рап пред ог­ниш­тето.

Во на­род­но­то па­ме­те­ње овој лик ос­та­нал ка­ко заш­тит­ник на пат­ни­ците, по­себ­но на оние што па­ту­ва­ат по вода, но и по тоа што ка­ко за вре­ме на жи­во­тот та­ка и по смрт­та ги по­ма­гал си­ро­маш­ните, ги заш­ти­ту­вал зат­во­ре­ни­ци­те и неп­ра­вед­но осу­де­ните, ги от­ку­пу­вал ро­бо­ви­те и ги пуш­тал на сло­бода.

Имен­ден праз­ну­ваат: Ни­кола, Нино, Ни­ко­лина, Коле…

Во жи­во­тот на на­ши­от чо­век по­себ­но зна­чај­но мес­то има све­ти Ни­ко­ла Мир­ли­кис­ки – Чу­дот­во­рец, ко­го мно­гу се­меј­ства го сме­та­ат за свој до­ма­шен заш­тит­ник и со до­маш­ни служ­би и со мно­гу оби­чаи го праз­ну­ва­ат не­го­ви­от спо­мен. Иа­ко по­ве­ќе се праз­ну­ва де­нот на не­го­во­то упо­ко­ју­ва­ње 19/6 де­кем­ври (праз­ник поз­нат ка­ко зим­ски Св. Ни­ко­ла или Св. Ни­ко­ла – зи­мен), се­пак вни­ма­ние му се по­све­ту­ва и на де­нот на пре­не­су­ва­ње­то на мош­ти­те на све­ти Ни­ко­ла од Мир (во Ли­кија) во Ба­ри (Ита­лија) на 22/9 мај (праз­ник ме­ѓу на­ро­дот поз­нат ка­ко ле­тен Св. Ни­кола).

Свети Никола за животот ги подучувал луѓето, лекувал, им помагал на сиромасите. Многумина не знаат, но Свети Никола станал заштитеник на морнарите затоа што својот имот го користел за откуп на заробениците.

Постои верување дека на тој ден никој не треба да го потсетувате на долг, ниту додатно да му ја отежнувате положбата затоа што е должник. Треба да се носат подароци за оние кои го слават Свети Никола. Меѓутоа и оние кои го слават празникот по некои обичаи на некои места во земјава своите гости не треба да ги пуштат со празни раце, туку мора да им дадат дарови пред да си одат дома.

Инаку, Свети Никола Чудотворец е познат и во другите припадници на верите. И покрај тоа што поминале неколку стотици години, народот не го заборавил неговиот живот исполнет со правење добри дела.

Според преданието, Свети Никола бил роден во градот Патара, Ликија (на јужниот брег од Мала Азија), како дете на богатите и угледни родители Теофан и Нина. Уште со самото негово раѓање му се припишуваат чуда. Неговата мајка, Нона, чудесно се излечила од болестите откако го родила. На денот на неговото крштевање, без човечка помош стоел на своите нозе три часа, за што подостојно да ја прослави пресветата троица. Уште од најрана возраст, го почитувал и се придржувал на постот, во среда и петок. Како дете, со голем восхит пристапувал кон проучувањето на Светото Писмо, преку ден не го напуштал храмот.

По смртта на родителите Никола им го раздал наследениот имот на сиромасите и ништо не задржал за себе. Додека бил свештеник во Патара, тој многу се прочул со делата на својата милостиња, иако ги криел грижливо, за да го исполни зборот Господов: „Да не знае твојата лева рака што прави твојата десна рака“ (Матеј 6, 3).

Во тоа време имало еден богат човек во Патара, кој изгубил сè и не можел да го прехрани своето семејство. Бидејќи имал три ќерки стасани за мажење, а за нив немал приготвено мираз, му дошла погубна мисла – да почне да ги продава телата на неговите ќерки, за да спечали некој денар и да може да се прехранат. Дознавајќи за неговата крајно погубна намера, свети Николај тајно го посетил и му фрлил кесичка со пари преку прозорецот, вардејќи да не го види случајно некој. Со тие пари, кој таткото ги нашол, ја омажил првата ќерка. Истото овој светител го стори и за другите две негови ќерки, на тој начин спасувајќи го сето семејство од духовна смрт.

Чувар на Божествената вистина, овој чудесен Божји светител бил и одважен заштитник на правдата меѓу луѓето, насекаде сеејќи мир и благодат. Двапати спасил по тројца луѓе од незаслужена смртна казна. Милостив, вистинољубив и праведен, уште за време на животот луѓето го сметле за светител и го повикувале на помош во маки и неволји; им се јавувал во сон и на јаве на тие што го повикувале, еднакво лесно дали се блиску или далеку и им помагал. Многу пати им помагал и на давениците, затворениците и ги избавувал од неволји морепловците.

Доживеал длабока старост и умрел во 342 година, откако скоро шест децении му служел на својот народ и на својот Господ. Бил погребан во соборната црква во Мир, а подоцна кога пред налетот на Исламот биле прогонувани христијаните, кога многу цркви настрадале и кога биле уништувани гробовите на светителите, св. Никола му се јавил во сонот на некој свештеник од Бари (Италија) и го замолил моштите да му ги пренесат во Италија. Во тоа време црквите во јужна Италија и’ припаѓале на цариградската патријаршија. Потоа со многу свечености неговите мошти биле пренесени од Мир (Ликија) во Бари (Италија) во 1087 година, поради што и овој датум (22/9 мај) се смета за празник на Св. Никола.(св. Николај – летен). Преданието раскажува дека светите мошти во Бари биле пречекани од мноштво народ меѓу кои имало и многу болни, слепи, глуви, сакати, душевно болни и сл. коишто доживеале исцелување. Неговите мошти се сè уште мироточиви и многу луѓе и до ден денес имаат најдено спас преку нив.

Претходна статијаОдговор на писмото од читателот на вашиот портал кој ја нападна МК дијаспората
Следна статијаМиле Китиќ околу наводната врска на неговата ќерка со Раста