На социјалните мрежи деновиве циркулира фотографија од двајца наши познати спортисти како деца, кои спортските фанови веднаш ги препознаа. Станува збор за ракометарите Кире и Филип Лазарови фотографирани во нивната рана младост.
Браќата кои се редени во Свети Николе веќе долги години ги бранат боите на Македонија, а заедно за нашата ракометна репрезентација имаат забележано околу 280 настапи.
Кирил изгради богата интернационална кариера со настапи во најдобрите Европски клубови, како Барселона, Сиудад Реал, а сега кариерата ја продолжува во Европскиот вицепрвак, Француски НАНТ.