Весна Бејби, Дац и Калиопи со емотивни пораки се простија од Горан Стефановски ФОТО

0

Драган Спасов Дац вечерва скршен од болка објавува спомени со Горан Стефановски.

Весна Бејби со емотивна порака и голема тага се прости од драматургот Горан Стефановски кој почина вечерва.

– Најдобрите луѓе живеат засекогаш како инспирација. Секогаш се памтат нивните зборови. Почивај во мир Горан Стефановски, напиша таа.

Стафановски во своето богато творештво ги има делата „Диво месо“, „Лет во место”, „Дупло дно” и „Тетовирани души”, а сите ќе го паметиме како еден од авторите на Бушава азбука, програмата со која сите растевме.

Работел во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на скопскиот Филолошки факултет. Од 1986 година бил професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје. Член е на Македонскиот ПЕН центар. Член на Друштвото на писатели на Македонија од 1979 година, а од 2004 година е и член на Македонската академија на науките и уметностите.

Драмите на Горан Стефановски имаат нешто заедничко: преку трагедијата на едно семејство, Стефановски ја предава историјата на македонскиот народ, преку сите свои болки и рани, со социјалните неправди, политичките разијдувања, стремежот за подобро утре. Добитник е на наградите „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Стериина награда“, „Војдан Чернодрински“.

Горан е брат на гитаристот Влатко Стефановски.

Претходна статијаБорко распали по Шилегов и Макрадули: Срам и брука – Македонија заслужува повеќе
Следна статијаМајка го воодушеви светот, му одржа вистинска лекција на својот син