ФОТО: Македонскиот пејач Угро со емотивна порака се прости од својот татко

Почина Слободан Угриновски, таткото на поранешниот пејач Никола Угриновски – Угро и претседател на партијата Титови леви сили.

-Почитувани роднини, пријатели и сите останати, со огромна болка и тага ви соопштувам дека татко ми, Слободан Угриновски, ненадејно почина .

Погребот ќе биде денеска и ќе биде извршен закопот на посмртните останки на гробиштата во Бутел.

Стари, фала за сè и збогум, твојот син, напиша Угро.