Премиерот Зоран Заев во саботата вечерта во Струмица имал неформална средба со поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров и со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, објави весникот Независен.
Средбата се одржала на барање на Заев и на неа се разговарало за уставните измени, пред почетокот на пленарната собраниска седница за нацрт-амандманите.
Во претходните денови Заев изрази очекување дека ќе се проширува мнозинството во парламентот за поддршка на уставните измени.
Откако во октомври беа обезбедени 80 гласа за пристапување кон уставни измени, Тодоров и Јанчев беа меѓу функционерите на ВМРО ДПМНЕ што беа исклучени од партијата или разрешени од функциите.
Јанчев кој што гласаше за референдумот, и искажа став дека е за Договорот од Преспа и за членство на Македонија во ЕУ и НАТО, беше сменет од позицијата потпретседател на ВМРО ДПМНЕ.