Го закопале со 60.000 долари: Тоа самиот го побарал за да го подмити Бога за своите гревови

0

Извесен Чарл Обонг (52) од Уганда побарал од сопругата да го погребе со колемо количество пари за да го подмити Господ за да му прости сите гревови.

Покојниот Обонг работел како виш службеник во министерствата и со години собирал пари кои планирал буквално да ги понесе со себе во гроб.

Оваа информација ја потврдил неговиот зет. Чарл самиот побарал од неговата жена да го погребе со приближно 60.000 долари. Парите имал намера да му ги даде на Господа во замена за простување на гревовите кои ги направил во текот на животот на земјата.

Чарлс долго имал проблеми со здравјето и последните денови од животот ги поминал планирајќи што и како ќе му каже на Бога кога ќе се сретнат на Судниот ден.

Погребан е на северот од Уганда, но неговиот спокој не траел долго со оглед на тоа дека гробот му го откопале набрзо по погребот и го ограбиле.

Претходна статијаТони Зен проговори за својата голема пасија и потврди дека поради тоа бегал од часови
Следна статијаСергеј има големо срце: Варошлија богато награди еден свој обожавател – го облече од глава до пети