Славица Чуктераш беше една од најпопуларните пејачки во „Ѕвездите на Гранд“, но одлучи да го промени животот од корен и да се повлече од естрадниот живот.
Сфати дека семејството е нејзин приоритет откако се омажи за фудбалерот Владимир Аврамов со кој претходно беше во врска повеќе од четири години и му роди ќерка.
Славица Чуктераш со години живееше во странство следејќи ја кариерата на својот сопруг, фудбалерот Владимир Аврамов.
Пејачката сега донесе одлука која се однесува на нејзиното живеење со сопругот, односно парот ќе се раздели поради работни обврски.
Имено, Славица одлучи да се врати на музичата сцена и повторно да работи, поради што парот првпат ќе се раздели.
„Владо до јануари е во Србија, а потоа оди во Англија. Доби одлична понуда и не ни е проблем што тој ќе живее таму, а јас овде“ вели Славица за „Свет“.
Таа истакна дека редовно ќе се посетуваат.
ТАГОВИ: