Непозната жена се појави во болницата во Земун и тврди дека таа е вистинската мајка на Дарко Лазиќ.
Пејачот се наоѓа во таа болница откако имаше ужасна сообраќајна несреќа.
Како што објави српски Телеграф, 50-годишната жена внесе вознемиреност кај вработените и пациентите на Интензивната нега бидејќи од нив бара итно да направат ДНК тест за да докаже дека тоа е нејзин роден син.
Таа обвинува дека детето, односно Дарко, откако го родила, некој го украл од неа.
Дарко Лазиќ не може да ја сокрие среќата што неговата вереница Марина Гагиќ е трудна, но и што неговата ќерка Лорена ќе добие брат или сестра. Сепак, не им се допадна на сите оваа вест.
На првата ќерка на пејачот воопшто не и се допаѓа што ќе добие брат или сестра. Како пто дознава српски „Курир“, Лорена многу тешко ја примила веста дека веќе нема да биде едница. Таа почнала да плачи и да вришти во моментот кога ја дознала веста. Поранешната сопруга на Дарко, Ана Севиќ, на сите начини се обидува да и олесни на ќерка си да ја прифати подобро оваа вест.
Четиригодишната Лорена наскоро за првпат ќе го посети татка си во болница. Се чека само состојбата на Дарко да се подобри доволно за тојод интензивна нега да биде пренесен во соба.