Само некој што бил на печалба, може да разбере колку голем е успехот кој во последните години го постигнува момчето од Скопскиот асфалт, Горјан ГОГО Славевски.
Ова особено важи за Соединетите Американски Држави, бидејќи, милијарди луѓе од целиот Свет, сонуваат да го живеат „Американскиот сон“. Конкуренцијата во САД е голема, а успеваат само најголемите, најупорните, највредните и најуспешните.
Ваков пример е момчето од Скопската населба Ѓорче Петров, кој во еден подкаст објасни низ што сѐ морал да помине живеејќи најпрво во Чикаго, а потоа во Мајами, пред да се појави на „големата сцена“.
Гого е пример на борец кој — од класичен бокс до bare-knuckle — успеал да комбинира технички вештини, сила и волја, да стане шампион преку UBF и потоа шампион на BKFC. Неговиот пат е исполнет со успеси и падови, но после спектакуларната победа завчера, кога за неполни 2 минути го нокаутираше противникот, тој на сите им порача: СЕ ВРАТИВ!
Гого ја крена Македонија на нозе и уште еднаш докажа дека спортистите се најдобри амбасадори на своите држави во Светот. Пред последната борба, на светската сцена се слушна: Гого од Скопје, Македонија!
Славевски не пропушта прилика да го развиори македонското знаме и слободно може да се каже, дека Гого е еден од најголемите амбасадори на Македонија во Америка, од осамостојувањето, досега.
Најмалку што матичната држава може да нправи за Славевски е да му додели национална пензија, која ова човек веќе ја заслужува, а тоа со сигурност ќе го докаже и во иднина, бидејќи како што самиот тој кажа по последната борба, Гого туку што СЕ ВРАТИ!
























