Аца Лукас: Воодушевен сум од Сузана Гавазова, едвај чекам пак да ја видам

Аца Лукас вели дека е воодушевен од Сузана Гавазова и има голема желба пак да запее со неа. Српската ѕвезда во разговор за „Галама“ многу ја исфали македонската фолк-пејачка со која пред неколку недели настапи во Швајцарија.

-Воопшто не знаев каква пејачка е и каква енергија носи, пред да пееме заедно во Швајцарија. Беше тоа еден од оние концерти за кои не очекуваш дека ќе излезат толку добри, со толку добра публика – рече Лукас.

Сузана Гавазова и Aца Лукас во Швајцарија (Фото: Инстаграм)

Кон средината на ноември, македонската публика во Пајерн, Швајцарија, гледаше вистински музички спектакл кога на иста сцена застана регионалната ѕвезда Аца Лукас заедно со македонската ѕвезда Сузана Гавазова и заедно направија атмосфера што долго ќе се памети.

Сузана Гавазова (Фото: Инстаграм)

Вистинска кулминација на овој настап беше кога Гавазова и Лукас на сцената заедно ја испеаја популарната песна „Кад замиришу јорговани“. „Незаборавна ноќ. Имав чест да запеам со живата легенда Аца Лукас“, напиша Гавазова по концертот со видеото што го сподели на Инстаграм.

Аца Лукас во Швајцарија (Фото: Инстаграм)

На овој концерт, Аца Лукас ја отпеа и на тапани на отсвире „Јовано, Јованке“ обвиткан со македонско знаме, а овој момент ја воодушеви дијаспората, но и публиката во Македонија кое го виде видеото од Аца Лукас, а видеото стана хит и се прошири низ социјалните мрежи.

-Едвај чекам пак ја видам и да запеам со Сузана Гавазова, и се надевам дека тоа ќе се случи во брзо време, и тоа во Македонија. Воодушевен сум од неа. Одамна не сум бил толку пријатно изненаден од една пејачка- додаде Аца Лукас.

Тој ќе пее во Скопје на 20 декември во салата „Јане Сандански“ со Мира Шкориќ, Мирослав Илиќ и Жаре Бербер со неговиот „Галама бенд“. Како што веќе најавивме и како што објави „Хајп продукција“, сите пари од настанот наречен „Кафанска ноќ“ ќе се донираат за семејствата на настраданите во поажрот во Кочани. Билетите се продаваат на ОВОЈ ЛИНК.