Аца Лукас: Не штедам на жените, затоа ме сакаат

Пред да пее во Скопје на 20 декември, Аца Лукас вели дека е воодушевен од македонските вина. „Секогаш кога ќе дојдам во Македонија пробивам ново вино кое е ново откритие за мене“, вели пејачот за „Галама“.

Лукас е познат по тоа што сака на убави нешта да го потроши она што ќего заработи, а вели и дека е галантен со пријателите, а и со жените.

-Треба да се цени она што ќе го заработиш, но јас секогаш сум бил галантен со жените, и со пријателите. Јас не сум некој лепотан, ниту некој набилдан фраер, но жените ме сакаат затоа што знам со нив, знам да ги почестам, знаев низ годините да им бидам и другар и партнер. Ги почитувам многу жените, затоа и се најбројни на моите концерти- вели Аца Лукас.

Пејачот додава дека трагичниот пожар кој се случи на 16 март во Кочани бил шок за него и за целиот регион.

-Затоа, со Хајп продукција решивме целиот приход од концертот „Кафанска ноќ“ да го донираме за семејствата на трагично загинатите, најискрено и најтранспарентно – вели Аца Лукас.

Заедно со него ќе пее и нашиот Жаре Бербер со „Галама бенд“, како и легендата Мирослав Илиќ и Мира Шкориќ. Ова нема да биде класичен концерт, туку ретка можност за публиката да се весели во најголемата кафеана на Балканот, со мезе и пијалоци, а ѕвездите на вечерта ќе седат во нивна близина, исто како и сите гости.

Целата сценографија ќе биде во духот на најголемата кафеана на Балканот, со соодветна сценографија која ќе биде опуштање за гостите- пуликата. Како што веќе најавивме, во иницијативата се вклучи и „Супорт Кочани“. Билетите можете да ги купите ТУКА.