Аца Лукас: На еден човек во Македонија никогаш доброто не му го заборавам

Српската ѕвезда Аца Лукас вели дека секогаш кога ќе дојде во Македонија е топло и срдечно пречекан од повеќе луѓе. Но, постои еден домаќин со кој има убава релација, и приватна и професионална.

Станува збор за Жаре Бербер, кралот на ноќните забави во Македонија. Аца Лукас за „Галама“ вели дека се радува што ќе пее заедно со Жаре на 20 декември во салата „Јане Сандански“ на концертот наречен „Кафанска ноќ“.

-Жаре е цар, ретка харизма и редок талент за забава. Тој како никој друг знае да ги соденува луѓето и да ги развесели, што е реткост во денешното време на „намќори“. Се радувам на секоја наша соработка, и се радувам што наскоро ќе пееме на иста сцена во Скопје. Неговите добрини не ги заборавам- вели Аца Лукас.

-Им се восхитувам на енергијата на некои луѓе, а меѓу нив е секако и Жаре. Јас на пример, никогаш не сум го делел мојот професионален живот од привтниот, секогаш сум искрен со публиката, со медиумите и со соработниците. Во оваа работа, можеш да успееш, само ако не си „фолирант“. Публиката кога-тогаш тоа ќе го забележи- рече пејачот.

Во најголемата кафеана на Балканот со него ќе бидат и Мира Шкориќ и Миролав Илиќ. ,а Жаре Бербер ќе настапи со неговиот „Галама бенд“. Сите средства , без исклучок ќе одат за семејства на настраданите во пожарот во Кочани, а во иницијативата се вклучи и „Супорт Кочани“. Билетите можете да ги купите ТУКА.  

Ова нема да биде класичен концерт, туку ретка можност за публиката да се весели во најголемата кафеана на Балканот, со мезе и пијалоци, а ѕвездите на вечерта ќе седат во нивна близина, исто како и сите гости.