Мирослав Илиќ уште не може да се помири со загубата на неговиот драг пријател, легендарниот пејач Халид Бешлиќ, кој нè напушти на 7 октомври, а неодамна се сети и на времето што го поминаа заедно.
-Еден мој концерт во „Скендерија“ во Сараево сè уште се раскажува. Ми недостигаат многу луѓе. Имав незаборавни епизоди со Халид во текот на овие децении. Да не дојдев на комеморацијата во Сараево, немаше да можам да се погледнам во огледало. Што да кажам, Божја волја.
Пред секој концерт во Босна и Херцеговина, доаѓав неколку дена порано и се дружев со Халид. Еднаш имаше настап во ресторан во Вогошќа, а јас отидов како пријател, да се дружиме и да се забавуваме. Имав најдолго и најискрено пријателство со Халид.
Често доаѓав од Белград во Сараево само поради него. Во тоа време, неговата баба беше жива и ни правеше пити и босански специјалитети. Тешко ми е без него, мислам на мојот пријател секој ден. Имавме искрено другарство, без многу филозофија – се сеќава Мирослав Илиќ.

Да потсетиме, Мирослав Илиќ доаѓа во Скопје на концертот „Кафанска ноќ“ во салата „Јане Сандански“ заедно со Мира Шкориќ, Аца Лукас и Жаре Бербер со неговиот „Галама бенд“ како специјални гости.
Концертот е најавен како најголемата кафана на Балканот, со мезе и пијалоци, а ѕвездите на вечерта ќе седат во непосредна близина на публиката, исто како и сите гости. Организатор на настанот е „Хајп“ продукција, а билетите се продаваат на ОВОЈ ЛИНК.























