Гордана Илиќ, сопругата на Мирослав Илиќ, е голема поддршка на популарниот пејач повеќе од половина век. Имаат две деца заедно, синот Марко и ќерката Марија.
-Разводот никогаш не беше на дневен ред. Кога се вратив од Скопје каде што студирав, беше 1971 година, ѝ реков на Гордана: „Гордана, се женам само еднаш, нема тајни во куќата и нема тајни пари во куќата“, рече Мирослав.Пејачот е свесен и дека Гордана издржала многу за да преживее нивниот брак и дека направила бројни компромиси.
-Најголемиот компромис е што таа ги профати моите отсуства, што нејзиниот маж доживува огромна популарност, опкружен е со многу луѓе, но и со атрактивни жени – призна Мирослав за „Хајп“.
-Секогаш многу се каравме, обично за некои ситници во воспитувањето на децата, дали кучето било донесено на време или изнесено, дали нешто било таму каде што го ставив или не… Посериозните работи ги решававме многу полесно од тие ситници.
Се каравме, но никогаш немавме криза што би довела до развод. Мирослав беше првиот што секогаш попушташе за време на расправиите. Јас сум многу тврдоглава, скако Овен во хороскоп. Обично ми велат: „О Боже, навистина беше тешко да се биде во брак со него“, а никој не прашува како е со мене – рече Гордана претходно.
Токму песните што ѝ ги посветил на Гордана, Мирослав ги испее на 20 декември во Скопје на „Кафанска ноќ“, која ќе се одржи во салата „Јане Сандански“ од 20 часот, во организација на „Хајп продукција“.

























