Мирослав Илиќ пред спектаклот на 20 декември во Скопје ја раскажа својата животна приказна: Одев со автобус на првиот настап

„И јас сум малку Македонец“, знае да каже за себеси Мирослав Илиќ, кој студентските денови ги поминал токму во Скопје, а војска служел во Битола. „Тоа се многу вредни спомени од мојот живот“, вели легендарниот пејач.

Колку ја знае нашата народна музика и колку ја чувствува во срцето, тој ќе докаже на 20 декември во Скопје на „Кафанска ноќ“, која ќе се одржи во салата „Јане Сандански“ до 20 часот, во организација на „Хајп продукција“.

Да потсетиме, ова нема да биде само концерт на кој заедно со Мирослав ќе пеат Мира Шкориќ, Аца Лукас и нашиот Жаре Бербер со неговиот „Галама бенд“ како специајлни гости. Туку, ќе биде една голема кафеана, со пијалоци и мезе.

Жаре Бербер (Фото: Приватна архива)

Секој од ѕвездите ќе си ги пее своите песни и други големи хитови. И секој од нив, кога ќе заврши неговиот настап не си оди од сцената. Останува да седи во „кафаната“ и да се дружи со публиката.

Screenshot

Сите пејачи кои ќе настапат на 20 декеври во Скопје имаат своја големина, но Мирослав е секако со најголемо искуство. Тој пред две години прослави половина век кариера, која започна на во 1973 година, со првиот настап во Врњачка бања.

-Тогаш ги заработив првите пари од музиката. Немав ни автомобил, се враќав со автобус од Бањата во моето родно место – Мрчаевци. Пет пати го проверував џебот да видам дали се парите сè уште тука.

Што се однесува до мојот однос кон овој занает – истиот е и тогаш и денес, 50 години подоцна. Благодарен сум и на занаетот и на Бога што ме насочи во овој повик и ме спаси од маки и сиромаштија“, рече Мирослав во едно поново интервју за „Хајп ТВ“.

Фото: Јутјуб принтскрин

Тој целиот живот останал верен на народната музика и останал едноставен и народен човек. Затоа, и денес полни Арени ширум поранешна Југославија.

Организатот на овој спектакл е „Хајп продукција“, а стартува од 20 часот. Билетите се во продажба на овој ЛИНК. Секако, за оние кои сакаат да си купат билети од дистрибутерите, во продолжение следи детален опис и контакт каде можат да се најдат:

Скопје ЈК Травел Аеродром,
Т.Ц. Бисер (приземје спроти катната гаража) +389 70 409 800
Скопје Билетара – СЦ Јане Сандански,
СЦ Јане Сандански (пон-пет 10:00-18:00 ч.) +389 78 475 291
Охрид Ирски паб “Даблин”,
Кеј Македонија /
Тетово Гранд Тобако,
Ул. 29ти Ноември 102/2 +389 70 525 025
Велес Унисон,
Ул. Петре Алчев 2 /
Куманово Павел Тобако,
Ул. 3та Македонска Ударна Бригада 31 +389 79 309 925
Прилеп Сити Тобако,
Борка Талески 15А /
Прилеп ТА Бран,
ул.Пере Тошев 75 +389 48 411 188
Битола ТА Ариес,
Далматинска 2 (Стара Чаршија) +389 47 224 155
Битола Литература +389 78 475 293
Кичево Бакарди Бар 
Гостивар ЛуЛу Травел +389 42 214 560
Приштина Рејв Травел,
Учк – Х1 – втор кат +386 49 759 859
Кавадарци Делта МТС,
ул.Орце Николов бр. 164 +389 43420100
Штип City Point – Полиција +389 71 415 999
Штип City Point – Зад Нама +389 70 999 035
Штип City Point – City Mall +389 70 999 154
Штип City Point – Населба Баби +389 72 559 999
Скопје ЈК Травел Центар,
Спроти Рамстор Мол