Во јавноста малку се знаеше за убавата наследничка на Мира Шкориќ, нејзината ќерка Милица. Милица Јеремиќ е докторка, и е ќерка на Мира од бракот со хирургот Васа Јеремиќ.
Ќерката на пејачката речиси никогаш не била експонирана во медиумите и не е заинтересирана за јавниот живот, поради што малкумина знаат како изгледаше таа до неодамна. Многумина се восхитуваат на нејзината убавина како и на нејзината успешна кариера.
Милица завршила медицински факултет и работи како докторка. Летово, Мира и Милица беа заедно на градски настан, а потоа сите очи беа вперени во нив две.
Патем, Милица го кажа судбоносното „да“ на својот долгогодишен избраник пред три години, а на свадбената прослава, која се одржа во елитен ресторан, присуствуваа голем број познати личности.

Бидејќи Милица Јеремиќ никогаш не сакала да се експонира јавно, идентитетот на нејзиниот избраник остана непознат. Единствено што се знае е дека се вика Себастијан и дека е вработен во белградска компанија која гради луксузни станбени комплекси.
-Јас сум најгордата мајка на светот, никогаш не се сомневав во неа. Има љубов кон науката, се запиша на докторски студии. Тоа е нејзина професија, нејзин повик, но јас сум секогаш таа што се грижи – рече Мира еднаш.

Мира Шкориќ ќе настапи во Скопје на 20 декември, на концертот „Кафанска ноќ“ во салата „Јане Сандански“ заедно со Мирослав Илиќ, Аца Лукас и Жаре Бербер со неговиот „Галама бенд“ како специјални гости.
Нема да биде ова класичен концерт, туку ретка можност за публиката да се весели во најголемата кафеана на Балканот, со мезе и пијалоци, а ѕвездите на вечерта ќе седат во нивна близина, исто како и сите гости. Организатор на настанот е „Хајп“ продукција, а билетите се продаваат на ОВОЈ ЛИНК.
























