ДРСКОСТ И БЕЗОБРАЗИЕ: Сликар на свадба ГРАБАЛ телефони од гости и им забранувал да сликаат и снимаат

Кој ги слика свадбите во Македонија? Лиценциранни компании, или аматери кои наплаќааат “дебели” пари, а не даваат фискалнна сметка и притоа го уништуваат трајниот спомен од веселбите кои ги оргаизираат граѓаните. Сведоштвото подолу е токму едно такво, лошо искуство.

-Правевме сваба за нашите деца во јули оваа година, во популарен ресторан во Скопје. Зннаете како е кога се организира ваква веселба, среќата и радоста се огромни, но, исто така и трошоците.

Агажиравме ресторан, музика за по невеста, музика за свадбената веселба и сите други пропратни трошоци кои се дел од свадбената веселба. Секако, неизбежен дел од целата церемонија се и сликарите, од кои се очекува на најдобар можен начин да го овековечат свечениот момент.

Дотичните сликари ни ги препорача наша пријателка. Цената 1200 евра. Вртоглава сума, но во разговорот со нив, ни беше кажано дека располагаат со неколку камери, апарати, кран и ДРОН!

Ајде, си рековме, на целиот тој трошок, ќе го платиме и ова, само нека биде како што треба и нека е за убаво!

Првото сомневање во нивната професионалност беше после црквената церемонија, кога требаше да ги сликаат младоженците на избрана локација. го одложуваа моментот за одење на локацијата, во градскиот парк во Скопје, а потоа ни стана јасно и зошто.

Пред свадбата ни посочија дека тие дронот би го полетале единствено во идеални временски услови. Чекаа да се расипе времето и да заврне, само за да не го полетаат дронот, ако воопшто го имаат.

Втора работа, која заборавив да ја напоменам на почетокот, беше уште во домот на младоженецот, кога некој од присутните ќе извадеа телефон да снима, еден од сликарите нргодуваше со зборовите: “Немој да сликаш и снимаш, зошто сум јас тука?!!”

Врвот на безобразието беше кога на свадбената веселба, истиот овој (имињата ќе им ги откријам во текот на следните денови), буквално и го грабна телефонот на една од гостинките, која се обидуваше да слика или сними дел од атмосферата!

Претпоставувате зошто ова го прават? За гостите да имаат што помалку фотографии и да купуваат од нив.

Договорот беше, само еднаш да поминат по гостите и да понудат фотографии, да не ги малтретираат цела вечер. се случи токму спротивното, цела вечер ги гонеа гостите за да им продадат фотографии, темни, со крајно лош квалитет. На некои од нив, им продадоа фотографии на кои младоженецот беше замижан! Не им било гајле што и како сликаат.

Но најлошото допрва следува! По еден месец од свадбата, нам, на семејството, ни даваат видео на кое речиси 3 часа, звукот е расипан, се слуша од прилика, како кога ви е расипан звучник во кола, народно кажано, КРЧИ.

Па ние токму затоа ги викнавме и ги плативме, за да имаме спомен – виедо запис од веселбата. Добивме хаотично, тотално неизмонтирано видео, со катастрофален звук. За 1200 евра, добивме едно големо НИШТО!

Уште повеќе иритира нивното објаснување, дека тие си снимале и озвучувањето било виновно, па прозорите од ресторанот биле затворени…

Па чекајте бе ИДИОТИ, како, ако озвучувањето не било како што треба, снимките од телефони од гостите, се перфектно чисти? Настрана од тоа, на видеото кое не го измонтирале, се гледа како им се расипува камерата на кранот (ја поправаат) и после тој момент, звукот е расипан. Пред тоа е во ред.

Луѓе, внимавајте кого ангажирате да ви ги слика свадбените и други веселби. Токму затоа сето ова го кажувам!

Побаравме од нив да го средат и да ни дадат коректно видео со аудио, следеше игнорирање на нашите пораки. Епа ова дополнително иритира и сега одиме до КРАЈ!

Прво, за парите кои ги плативме, до денешен ден не добивме фискална сметка. Ќе ги пријавиме во Организација на потрошувачи, УЈП и Пазарен инспекторат. Доколку се востанови дека немаат фирма и работат на диво, ќе ги пријавиме во полиција и ќе биде поднесена тужба за измама.

Во моментов, дури не откриеме дали имаат фирма, нема да ги откријам нивните имиња, но во следните денови, ќе ги објавам нивните имиња, за да не изманипулираат и некој друг, во иднина.

Засега, ќе кажам само дека сопствениците на “сликарското студио”, живеат во Карпош 4.

Името и презимето познати на редакцијата на Галама