Весна Бејби искрено си кажа каков маж сака- не мора да биде богат и згоден

0

Нашата позната актерка Весна Бејби- Петрушевска освен што е една од нашите најпопуларни актерки е и личност која отворено зборува на многу теми, и на социјалните мрежи, и во медиумите.

Во една прилика, во „Слободен печат“ ја прашаа: Што значи да се биде самохрана мајка во современа Македонија?

-Значи опстанок, не значи живот! Исклучително напорна работа. Проект кој само го надоградуваш и немаш простор многу да маневрираш.

Секое утро освен што се будам и се заблагодарувам на утрото, втората мисла ми се сметките, како да ги оправиш да одат по правиот пат во едно извртено опкружување.

Ова е ера на полусветови и полуписмени суштества. Мора да сум будна постојано. Тешко и напорно“, одговори Бејби.

– Јас постојано велам дека сум мажена за своите деца. Не дека очекувам орден, напротив јас учам да бидам родител секој ден.

Учам од своите деца, учат тие од мене. Слушам многу музика, постојано читам, вистински љубител на филмови и серии, зависник на Нетфликс.

Ако ме прашуваш за приватниот живот, секогаш велам дека од утре ќе се бавам со него. Бргу ми здосадуваат работите“, изјави Весна во интервју за Точка.

Весна и во Женски магазин зборуваше за своите деца и за работата со децата која ја исполнува:

-Цел живот сум немирно дете. Не застанувам. Вртам, работам, доследна сум посветена и максимално професионална.Последниве неколку години во мојата актерска школа работам со деца од 5-17 годишна возраст.

Сонувам заедно со нив. Кога работам со нив, сфаќам дека никогаш не престанав да бидам дете. Оној момент кога ќе престанете да бидете дете, умирате.“

Таа неодамна ја играше својата стенд ап претстава „Влези, не се соблакај“ а во една прилика, по тој повод има изјавено:

– Во суштина никогаш ама баш никогаш не се открива што ќе биде вечерта на стенд апот. Но, секако дека ќе има приказни кои нешто значеле овие 25 години, нешто кое ме поврзувало години наназад.

Тие приказни се живи, присутни се, исполнети со паѓања и повторни станувања“, рече таа за својата претстава. Таа на последното шоу го спомнала својот поранешен маж.

„Од свадбата, јас имам повеќе слики со Тоше, цела свадба ја поминав со него. Од хотелот ни рекоа дека имаме бесплатен апартман за младенци“, рече Весна, а поранешниот сопруг инсистирал на тоа да се вратат дома.

„Јас во едно неглиже облечена, а тој брои пари. Имавме гостин на спиење, еден многу познат шминкер од Србија. Си ги облеков моите Мики Маус пижами, и си легнав со него.

Ме праша дали оној мојот брои пари. Кога му реков да, ми кажа: Ќе се разведете, штом тој брои пари, а ти си во соба со хомосексуалец“, раскажа Весна Бејби.

„Сега имаме заедничка група – јас, тој и жена му. Си правам муабет со снаа ми“, рече Весна и го спомена синот Кирил, кој не го видела цели две години, а објави Слободен печат.

Весна Бејби сега шерна едо интересни стори во кое таа кажува всушност каков маж сака таа и напиша:

-Најдобриот човек кој некогаш можеш да го имаш не е оној кој најдобро изгледа, најсмешниот и најбогатиот.

Тој е оној кој прави да се чувствуваш важна, прекрасна и те третира како кралица. Тој е оној со кого си сигурна дека си сакана и посакувана“.

Претходна статијаЈасмин објави слика со новите соседи од Мелбурн, додека Гавазова се сликала во тесен фустан, спремна за лето (ФОТО)
Следна статијаТијана многу пати ја имаат разведено со Милан- пејачката конечно ја кажа виcтината на оваа тема