Мелани Тарчуловска искрено раскажа како ѝ био додека татко ѝ бил во Хаг, и каква приказна ѝ раскажувале за да ја заштитат

0

Мелани, згодната ќерка на многу познатата македонска брачна двојка Соња и Јохан Тарчуловски, беше дел од спектакуларното музичко ТВ-шоу „Ѕвездите на Гранд“. На Мелани нема да ѝ беше првпат да застане на сцена. Таа е веќе искусна пејачка.

Во 2020 година ја видовме на фестивалот „Golden Voice“, кој се одржа на медитеранскиот остров Малта.

Мелани е првородено дете на поранешната фолк пејачка Соња и поранешниот пратеник Јохан.

Во едно интервју за Женски магазин рекла дека со нејзиниот настап на фестивалот „Макфест“ минатата година направила свежа промена на нашата поп сцена.

Таа ја испеала песната „CON EL DIABLO”, и се се претставила со проект зад кој стои исклучиво таа, од текстот па сè до аранжманот. Мелани инаку има 17 години и оди во средното музичко улилиште.

„Моите родители како и секој родител ме подржуваат во секоја моја одлука. Тие беа мојата најголема поддршка за време на настапот во Штип“, кажа таа за Јохан и за Соња Тарчуловски.

Во ова интервју рекла и за моментите кога почнувала со нејзината музичка кариера и дали чувствувала притисок од тоа дека нејзината мајка е позната фолк- пејачка, тоест дали тоа ѝ било терет.

„ Па, најчесто се криев или пеев само кога бев сама. Баш поради коментарите „И ти ли ќе бидеш пејачка како мајка ти” кои мене ми го разлеваа лончето што се вели хаха. Јас и мајка ми сме два различни карактери кои живеат во два различни света“, рекла Мелани.

Тој беше осуд ен на казна од 12 години, која подоцна беше намалена на осум години.

Се врати во Македонија во април 2013 година, пред точно 10 години. Второто дете, синот Младен го добија додека Јохан ја издржуваше ка-зната, а пак по неговото враќање од Хаг ја добија третата ќерка Јоана.

Во интервјуа од тој период, Соња детално раскажуваше за предизвикот сама да се грижи за Мелани, а потоа и за Младен, кои секојдневно прашувале за татко им.

Откри дека ги носела на посета кај Јохан, а Мелани често зборувала за тоа како едвај чека татко и да се врати и да ја однесе за рака на училиште.

Сепак, таа и Јохан наоѓаат време да ужуиваат сами, како на меден месец, и со мотори знаат да одат низ Европа.

Во една прилика се јавија од Италија, од планинско место, моторџиски облечени, и многумина од пријателите позитивно се изненадија.

Соња и Јохан неодамна прославија 18 години од бракот, а на сликата се гледа како изгледале тие во 2005 година, и кога добро ќе се погледне, не се многу сменети до дене, младешкиот изглед уште го задржале.

Сега, со своите извонредни вокални способности, Мелани веќе е на добар пат да ја престигне својата популарна мајка Соња, која не така одамна беше наша мегапопуларна фолк-пејачка и која остави најсилен белег со хитот „Во бело, во бело“.

Во меѓувреме, Соња се откажа од естрадата, но затоа тука е ќерката, да продолжи каде што застана таа“, стои ви текстот кој за Мелани го напиша Вечер прес.

Во иунтервјуто пак за Женски магазин, Мелани споменала нешто за кое не збрувала досега.

Оваа млада пејачка ретко зборува за моментот кога татко ѝ не бил покрај неа, за неа е тоа болно минато. Јохан Тарчуловски беше однесен во затв-орот во Хаг кога таа беше бебе. За да ја заштити, нејзината мајка ѝ рекла дека татко ѝ е на далечен пат.

„Што се однесува до минатото на мене и мојата фамилија тоа е тема на која ретко зборувам. Бев мала и не бев свесна што ни се случува. Јас знаев дека татко ми е на далечен пат, сè до моментот кога тргнав на училиште, научив да читам и пишувам.

Тогаш веќе не беше возможно да се сокријат новините и коментарите од страна на луѓето. Луѓето се су рови и понатаму на таа тема, но денес ретко кој има храброст да ме праша мене за истата“, раскажала Мелани.

Претходна статијаМилена: На седумдесет и кусур години ме изневери со дpуга, кога го фатив се случи ова
Следна статијаПрво ќерка ѝ си заминала од дома, а потоа се yпокоил нејзин близок човек- Ели Танаскоска има тажна приказна