Андријана Јаневска, откако ја загуби мајка си, го покажа својот татко, со поcебен повод (ФОТО)

0

Познатата пејачка, инструменталист и професор Андријана Јаневска, во една прилика, по повод светскиот ден на мајките, сподели емотивен статус на нејзиниот фејсбук профил.

Таа сподели фотографија од нејзината прерано почината мајка, со посвета:

„Ти умееше карпата во свила да ја претвориш, а песокот во црница. Пред тебе рибите прелетуваа, а птиците препливуваа; дождот стануваше утринска роса, а ветерот полноќен здив.

И камењата цветаа покрај тебе. На гнездата им никнуваше кров, а трњето раззеленуваше. Сега, во мојата душа копнеж се раѓа: да ме родиш пак, мајко моја, та и градот во селата да ме бара, и пес во бунар да нурка, и гром во пештера да грмне – да не ме пронајде.

Скриена ќе бидам во твојата прегратка“, напишала Андријана. Нејзината мајка ненадеојно го напуштила овој свет, на крајот од 2018 година.

-Една година без тебе, мамо. Ништо не е повидливо, и ништо не е поприсутно од твоето отсуство: ни детските шепоти што ги откривав во сеидбите на дождовите.

Ни закажаната бура во пајажините, од крајпатните меанчиња, ни воздушните патишта, осветлени од ластовиците ни она што добива форма само во мојот слух.

Ни мојот слух додека во него задоцнетиот штурец, го навиваше својот ноќен часовник, ни родилните маки на фрленото семе, ни разгорениот пожар на главата од петелот…

додека бега од сенката што слегува од небото, ни просторот што ми остана меѓу твоите раце, меѓу твоите два припека, ни змијата што го возбудува врвот од житата..

Ни снежните намети и налети во афионовите полиња, ни пламенот што надојдува, како есенска магла, во низата од пиперките, ни љубовта и омразата меѓу клучот и катанецот.

Ни притаената светлина во купениот кибрит; ништо не е повидливо од твојата трага, пред мене и зад мене, со мене и во мене“, напиша Андријана за мајка си, една година откако ја загуби.

Таа ѝ ја посвети песната „Летај“ и ја опишува како многу храбра, вредна и силна жена.

– Според докторите, почина од мозочен удар. Два часа претходно разговаравме на телефон, се смеевме, апсолутно ништо не наговестуваше дека такво нешто може да се случи.

Но, таков е животот, брз, немилосрден, непредвидлив. Она што ме теши е фактот дека буквално секоја сабота со моите деца одевме на ручек кај моите родители, брат ми и снаата, се дружевме, пеевме, разговаравме, се смеевме.

За мене семејната хармонија отсекогаш била најважна. Уште како деца родителите не’ воспитаа семејството да ни биде на пиедесталот.

И денес е така и покрај тоа што мајка ми физички ја нема, јас продолжив секој викенд да одам на ручек кај татко ми и брат ми, кои живеат во иста куќа.

Пред да почине мајка ми, бевме заедно на одмор и разговаравме за тоа што претставува животот, како да сме претчувствувале што не’ очекува“, изјави Андријана во Женски магазин.

-Секое утро кога ќе се разбудам и кога ќе се сетам дека ја нема.

Мајка ми беше многу храбра, вредна и силна жена и нејзиното заминување не’ погоди сите, бидејќи додека беше жива изгледаше како да е бесмртна. Ми недостасуваат нејзините совети.

Кога таа ќе кажеше нешто звучеше многу самоуверено, ми влеваше самодоверба и бев спокојна покрај неа“, додала Андријана.

И сега, откако од убавата изведба на „Златна Бубамара на популарноста“ на Андријана со Игор Џамбазов за „Ми заплакало селото Ваташа“ уште не стивнуваат коментарите, таа покажа еден важен човек во нејзиниот живот.

Станува збор за нејзиниот татко Ристо, со посебен повод, неговиот 70-ти роденден. Таа му честитала роденден на човекот кој ѝ бил голема потпора во загубата на мајка ѝ.

Претходна статијаCе огласи Цане од групата „Елита“ од Шпанија cо ептен јако видео, и покажа по што најмногу жали
Следна статијаВнукот на Цeца само што нe пристигнал, треба да се роди на овој голем датум, а еве каде Вељко и Богдана ќе живеат со него