Журка по чорапи и папучи кај Татјана и Новица дома, еве кој наш пејач прави џумбуш (ВИДЕО)

0

Фолк- двојката Татјана Лазаревска и Новица Василевски велат дека еден нивен ден откако живеат во Австралија треба да трае 30 часа за да можат да постигнат сѐ.

„Денот од 24 часа треба да го зголемиме барем на 30“, раскажала Татјана која на почетокот од 2020 година, заедно со сопругот беше ангажирана околу уредувањето на нивната нова куќа, во Мелбурн.

По пет години откако се преселија во Австралија, Татјана и Новица со синовите Стефан и Петар се среќни што живеат во сопствен дом, а сега веќе поминаа осум отакако се таму.

„Куќата ја купивме на средината на декември во0 2019, а се вселивме на 14 јануари во 2020, на Василица. На 20 јануари ја осветувавме, а тоа е денот кога во 2015 година годин слетавме и се преселивме во Австралија.

Што се однесува до уредување на домот тоа спонтано го правиме сите заедно со децата и пополека. Нашата куќа е секогаш полна со добри и позитивни луѓе, а посебно колегите од Македонија, кои секогаш сакаме да ги удостоиме со убава седенка и дружба.

За мезето е речиси секогаш задолжен Новица кој морам да признаам дека одлично се снаоѓа во кујната (дури подобро од мене), хахаха“, рекла за Женски магазин Татјана од Мебурн.

Предходната куќа која ја изнајмувавме беше многу блиску до оваа. Како и секаде во светот, ако работиш ќе можеш да си дозволиш некои нормални задоволства, само што овде има малку подобри можности и услови за живот“, изјави Татјана.

Во едно интервју, Татјана ја раскажала прилчината зошто си заминале од Македонија и решиле да одат да живеат во Австралија.

Главна причина беше: на децата да им се даде можност за поразлична иднина. Нема да кажам поубава, ќе кажам поразлична.

А искрена да бидам Новица и јас често зборувавме како сакаме да живееме надвор од границите на нашата држава, за да ја збогатиме нашата биографија“, рече Татјана во интервју за а svet-australia.com

Само да се потсетиме дека со оваа работа, мислам на музиката се занимавам веќе 25 години, но по образование сум професор за предучилишно образование, па така и овде во Австралија продолжив со образованието во таа област.

И еве сега работам како учиталка во градинка и ми е интересно да работам со деца. Секој ден со ново искуство и така заборавам на се’ што се случува во светот“, рече Тања во истото интервју.

Низ Австралија, Татјана и Новица работат со полна пареа. Таму е сега е крај на лето и собирите и веселбите на луѓето се претежно беа на отворен простор но и во сали, а Новица и Тања настапуваат на многу свадби, родендени, крштевски на нашинците.

Македонците прават свадби и веселби во Австралија, па работата на познатите фолк-пејачи им тргна, а Татјана често објавува лајф видеа како настапува.

А по повод роденденот на синот Петар на Татјана и на Новица, имало журка кај нив дома, а Татјана се вклучила во живор на Фејсбук.

А пеел нивниот пријател и колега Цаки од „Кисми“. И другарите на славеникот, ама и родеителите биле ептен весели, а среќната мајка на стол се качила.

Ама Татјана и Новица си почитуваат традиција и ред, па кај нив дома нема влегување обуен, и на оваа журка која била ептен весела, гостите играле и пееле по папули и по чорапи.

Претходна статијаУживаат покрај езеро со оваа наша позната пејачка- Еве зошто Кате и Трајче од „Соната“ се многу среќен пар
Следна статијаЈулија пак има причина да cе смее- пејачката објави за големата животна промена (Ф0Т0)