Виолета Томовска проговори за нејзиниот најголем стpaв, оваа случка ѝ го сменила животот засекогаш

0

Виолета Томовска е голем борец. Познато е дека таа се избори со кан -церот а нејзината позитивна енергија се гледа и на сцената.

Виолетаа е на сцената повеќе од 60 години, и во една прилика за порталот 7дена.мк изјави дека многу би сакала да организира свој концерт, но не може тоа да си го дозволи со својата пензија.

– Имам снимено нови песни, но не сум ги промовирала. Чекам да се организира нешто поголемо, па тогаш. Ако се организира. Но, сепак, треба да се направи нешто и за нас пејачите што сме на зајдисонце.

Јас не можам сама со мојата пензија да организирам концерт“, изјави Томовска во 2018 година. Taa тогаш додаде дека се надева оти за 60 годишниот јубилеј ќе успее да направи поголем концерт.

– Се омажив многу рано, на 19 години, да не останам немажена . Маж ми беше камерман, па и тој многу патуваше, и јас. Имавме динамичен живот. Имав можност да одам на многу турнеи.

Почнав да купувам облека од странство. Секогаш бев практична при купувањето, да можам да комбинирам со повеќе работи, а особено на овие години внимавам на тоа.

На пример, на едно здолниште, два блејзера, за да можам да менувам. Некои работи пак, си стојат сѐ уште, бидејќи сум немала како да ги комбинирам, но и не било проблем, бидејќи сум била млада – раскажа Томовска во интервју за „Фешнел“.

Но, да сме здрави и живи до тогаш. Важно е што ме држи грлото“, рече оптимистично Виолета чија песна „Молитва“ е вистински евергрин.

– Човек може да има врвен стил, но нема економска моќ за да може да си го дозволи во секојдневието. Ако една млада жена нема униформа на работа, таа мора да размислува како секој ден да биде различна.

Сите знаеме дека ситниците и деталите прават работите да изгледаат поинаку, но сакам да кажам дека е напорно. Често гледам дека на веселбите посебно внимание се обрнува на изгледот, но жал ми е што тие работи само од веселба на веселба ги носиме.

Да имаме поинаква економска моќ би било многу поубаво. И во светот има сиромашни, како и оние со добра егзистенција, но не добар вкус.

Убаво е тоа што го носиш да го носиш со мерак и да се чувствуваш убаво. Да не предизвикуваш потсмев. Да е во склад со годините. Ако не ти стои тесен фустан, не го носи, само бидејќи ти е мерак“, кажала Виолета за Фешнел.

Виолета Томовска во истото интервју има зборувано за тоа што е нејзиниот најголем страв, и таа искрено раскажала:

-Имам врежан cтpaв од природни непогоди. По земј отресот од неодамна, јас отидов во Битола кај моите, затоа што секое тресење е враќање.

Кога беше тој ката-стро-фалниот во 1963 година, јас имав 17 години и бев под рушевини.

Останува трага. Ја доживеав и поплавата во 1962 година.

Сред бел ден, небото се затемни и коритото на Вардар беше два метра над границата. Најс-тра-шно е кога се слушаат к-рици од животни, особено ако сте во поруралните средини…. Ги носи водата“, се присетила Виолета.

Таа инаку ќе пее на концерти посветен на својот пријател Јонче Христовски кои ќе се одржат во Скопје на 4 април, и во Битола на 5 април.

Претходна статијаНашата најзгодна инфлуенсерка, Агнеса е поетска душа: Напиша нешто што е многу точно во љубовта (ФОТО)
Следна статијаВане Mаpкоски ја објави слика со мајка си- личи како да му е cестра, а нe мајка (ФОТО)