Вера Мештеровиќ објави слика без блуза и кажа за што е благодарна (ФОТО)

0

Вера Мештеровиќ е една од најубавите и најдобрите водителки кај нас. Секојдневно ја гледаме во утринската на Канал 5.

Таа секојдневно ги воодушевува гледачите со своите модни изданија, а исто така и на социјалните мрежи, често знае да ги изненади своите следбеници со провокативна фотографија.

Во едно интервју за Женски Магазин, водителката Вера Мештеровиќ откри многу работи за себе, а ги спомна и нејзините почетоци.

„Пред неколку години, модниот ТВ-канал Fashion TV те избра за амбасадор на убавината на Балканот“, а Вера на оваа тема кажа вака:

– На секоја жена ѝ годи кога добива комплименти, не сум ни јас исклучок. Чест и задоволство е, но и голема одговорност, многу погледи вперени, очекувања, многу девојки, жени кои гледаат пример во мене, а и како мајка и децата исто така гледаат, не е воопшто лесно, но е животен предизвик.

Па, се трудам да бидам добар пример, подобра верзија од себеси преку моите јавни ангажмани, настани, настапи освен на убавината да ставам акцент и на интелектот во смисол да не се запоставува тој дел.

Потребно е постојано да се доизградуваме, со хуманост, со разни активности кза да бидеме комплетни како личности и однадвор и одвнатре.

Вели дека искутвото во фолклорните друштва каде што одела како тинејџерка ѝ помогнале во ова искуство, да тргне сама на пат и да го искуси целиот сјај кој трае само додека била на изборот за Мис.

-Изборот за Мис е како приказната за „Пепелашка“. Додека си таму, во фокусот на јавноста, те препознаваат, те третираат како принцеза.

Потоа, кога целиот тој гламур и сјај ќе заврши и му се враќаш на тековниот живот, никој веќе не те познава, ја нема веќе возбудата.

Сега, Вера е водителка на Утринската програма на Канал 5. И во оваа приказна, слично како и во онаа за изборот за Мис, има две страни, конкретно што се однесува до реакците на гледачите, но таа е многу среќна и исполнета со овој ангажман.

-Не може на сите да им се допаднеш. Некој не може да ти прости што си убава, на некого му пречиш на телевизија, сето тоа е нормално. Кога почнував да работам во Канал 5, прво бев на обука две недели, а потоа на програма.

И нормално е дека има секакви коментари. Знаат во живо да се јават – тргнете ја оваа од програма, или зошто е вака облечена? Но, има и доста луѓе кои позитивно и убаво реагираат.

И на едните и на другите им велам благодарам“, кажала Вера во Женски Магазин.

Таа гостувала и во емисијата „Еден на еден“ и таму кажала дека легнува во 12, на полноќ после децата, но станува во 5 и 15 и е свежа и наспана за на ТВ. Ама она што е интресно е и дека Вера во оваа емисија пеела.

За прв пат, оваа наша Мисица покажа и дека знае да пее, а како тоа звучело, и тоа со песната Јовано Јованке, можете да видите ТУКА, во последниот дел од емисијата.

За тоа како Вера се негува и го одржува својот младолик изглед, таа во Женски Магазин рече:

– Да, токму така, мислам дека се должи и на двете работи, на генетиката во моето семејство и од двете страни се младолики, а и се негувам.

Но, особено влијае мислам тој мој палав детски дух, во тело на жена, мајка, кој ми ја дава таа енергија, шарм, впечатливост и харизма.

Моите ритуали за нега се речиси како кај секоја жена. Имам козметика која ја употребувам, чистење на лицето, разни маски, разни третмани за лице.

-Ме исполнува мајчинството и семејството, а покрај тоа, планирам во скоро време да почнам и со некои други работни обврски.

Понекогаш, кога ќе се присетам на старите денови, ми недостасува манекенството, а особено времето на модната куќа „Систина“ и целиот тим со кој работевме таму, изјави Вера за Фешнел.

Вера Мештеровиќ има брат кој се вика Срѓан, а на неговиот Инстаграм профил има неколку слики кои го претставуваат неговиот авантуристички дух.

Тој објавува слики како шета во природа, низ убавините на Македонија, посебно во Охрид и Битола, но и надвор од Македонија, во Милано.

Срѓан е исто голем љубител на животните, а има објавено и неколку слики од него каде што може да се забележи дека многу си личи со сестра му, Вера.

Вера го прославила роденденот токму во телевизијата каде што работи, а верувале или не, оваа мајка на две деца, иако изгледа доста помлада, наполни 46 години.

Покрај многуте честитки кои Вера ги објави на стори од нејзините пријатели, таа објави слика од себеси и се заблагодари на сите за честитките.

Она што е интересно е дека Вера на оваа слика, во хотел Панорамика е сликана без блуза, а на себе носи панталони со змиски принт и ракавици во истиот дизајн.

„Да наздравиме за животот, среќен понеделник, супер почеток на неделата. Благодарна сум за фамилијата, пријателите, колегите и роденденската торта,“ напиша Вера во описот на фотографијата каде што изгледаше нереално добро, а држеше и чаша што всушност означува како и самата наздравува за роденденот и си го честита.

Претходна статијаСпенџарска отиде во Солун и се разочара: Ми вети медитеранско сонце, а ме донесе во фрижидер… (ФОТО)
Следна статијаСергеј отворено на Снеже Велков – да си ја смениш косата, како самовила си