Уживаат покрај езеро со оваа наша позната пејачка- Еве зошто Кате и Трајче од „Соната“ се многу среќен пар

0

Велешката група „Соната“ пред пандемијата не можеше да „здивне“ од настапи по свадби, крштевки веселби. Ако сакаш да ти свират „Соната“, требаше да ги резервираш многу однапред, а такво темпо со свирење имаат и сега.

Кате во едно интервју за Естрада плус, зборуваше за својот роден Велес и за тоа како во нејзиниот град се уште се негува убавата музика.

– Има многу музика. Има многу добри музичари. Често знам да споменам , што сме имале среќа кога почнувавме ние имамвме среќа да свириме заедно и настапуваме со повозрасни музичари.

Во Велес секогаш се свирела таква, градска музика.

Многу е застапена, била застапена и сеуште е застапена и забавната музика. Верувајте во Велес нема забава каде што нема да се отпее рокенрол, валцер задолжително. Се уште е застапена навистина многу убава и градска музика“ истакна Кате.

Велешката група “Соната ” долго време опстојуваат на македонската сцена, веќе 20 години, а зад себе имаат бројни песни, како и многу настапи низ нашата земја, а ги сакаат и нашинците во дијаспората.

Пејачката и клавијатуристот на фолк групата, Катерина Брезева и Трајче Бондиков верувале или не цели 18 години беа во љубов и во врска. Конечно, по 18 години, тие во мај во 2019 година решија да застанат на лудиот камен.

Кате и Трајче го кажаа судбоносното ДА, и се венчаа пред матичар. Во тоа време, јавноста дозна и дека Кате и Траајче се подготвуваат за уште една важна улога, улогата на родители.

Убавата невеста, бееше во осмиот месец од бременоста, а јавноста тоа го дозна откако Кате и Трајче се пофалија со слики на социјалните мрежи. Нешто повеќе од еден месец потоа, тие имаа уште една голема радост- им се роди ќерка.

Инаку, својата бремемост, Кате ја криеше од јавноста, а убавата вест ја објави токму на денот на венчавката. Катерина Брезева и Трајче Бондиков во јуни во 2019 година, добија принова. Ќерката ќе се вика Ана, а радосната вест ја сподели Бондиков на „Фејсбук“.

Кате и Трајче на крајод од минатата година се сликаа со наша голема музичка ѕвезда, а тоа е Сузана Спасовска, на снимање на една емисија во Македонската радио телевизија.

На оваа слика и Сузе и Кате блескаат, облечени во преубави фустани.

Трајче кој всушност го прави селфито е секогаш горд на својата сопруга, и колешка од групата и на нејзиниот изглед и глас, а му годи и друштвото на Сузана која е насмеана на оваа слика.

Во една прилика, фолк-пејачите покажаа дека особено им недостасува нивниот колега и пријател Зоран Џорлев, со кого имаат настапувано во емисијата „Запеј ја онаа нашата“ која се смитуваше на ТВ Алфа. И не само таму.

Со маестро Џорлев, кој не напушти на 1 јануари во 2021 година, Трајче, Кате и целата група имаат многу музички дружби, настапи и дружби вон свената. За тоа покажуваат спомените на нивниот кои им ја топлат душата.

Според сликите што често ги споделуваат, се гледа дека музичарите жалат по тие спомени, но и со гордост ги паметат.

Поради нивните настапи кои им се вратја со полна пареа по пандемијата, поради нивната ќерка, Трајче и Кате се еден од најсреќните јавни парови кај нас.

Тие покажаа како знаат да си ужуваат на свој терен, во Велес, и се чекирале во еден од најпознатите хотели на Велешкото езеро. На ручек, тие биле со Лидија Кочовска, нашата позната пејачка и заедо ужувале со убавиот сончев ден.

Претходна статијаНе е Брена таа која го чува малиот Александар кога Пpија пее, не е ни Филип, пејачката ја откри вистината
Следна статијаЖурка по чорапи и папучи кај Татјана и Новица дома, еве кој наш пејач прави џумбуш (ВИДЕО)