Тони Михајловски прозборе за поранешната сопруга, мајката на Александар и откри што таа не сакала, а се случило

0

Тони Михајловски во последно време повеќе работи во Србија, односно снима филмови и серии, а многу помалку во Македонија. Познатиот глумец во емисијата Еден на еден раскажа за овој феномен.

– 99.9 посто работам во Србија а 0.01 посто работам во Македонија. Последно во Македонија беше „Стела“, првиот детски филм снимен пред две години. Пази, првиот македонски детски игран филм. Што се ти кажува, како се работи?“.

Тони исто така има изјавено дека во „Стела“ го викнале да снима затоа штп Раде Шербеџија ја откажал оваа улога, и тој дошол на негово место.

Во 2021 година, Тони Михајловски повторно ја врати емисијата Опуштено и му гостуваа многу познати липчности како Елена Ристеска, д-р Милан Ристески, Јанко Илковски, Снеже Велков…

Кога „Опуштено“ ја емитуваше својата последна емисија, и гостуваше триото, бендот кој настапуваше во текот на сезоната, но и актерите Ненад Нацев и Александар Михајловски, синот на Тони.

Тие во емисијата имаа улога на анкетатори, правеа забавни анкети низ Скопје.

Најинтересното прашање кое Тони му го постави на синот е: Ќе направиш некогаш некој кумановски лик, „трибјут ту јуар фадер“, а тој рече:

-Игарм кај Јордан Симојов а тој ми вика: Ај збори на кумановски. Јас му викам: Те молам не на кумановски. Кај личам на татко ми, ќе ме уте -паат: Види го овој на Тони, имитира га татка… Ама, ќе ти ја превземам „Опуштено“.

Потоа, Тони го праша Александар: Колку има вистина во тоа дека татко ти ти мести улоги, а син у му рече: Многу. Еднаш дури ми намести улога и ја играше место мене!

Во 2018 година, се ожени синот на Тони Михајловски, актерот Александар. Тој заедно со својата сопруга Ангела, мво 2017 година станаа родители, а потоа решија својата љубов да ја крунисаат со брак.

Важна улога во венчавката имаше и помалиот син на Тони, а највесел беше Тони“, пишуваше Курир во тоа време.

Тони Михајловски гостуваше во емисијата „Г карпет“, а во оваа емисија, заедно со Миро Кацаров, водителка овој пат беше Вера Мештеровиќ. Инаку, во емисијата се менуваат водителките секоја недела.

Тони во емисијата гостуваше заедно со неговиот син, Александар кој е исто така познат млад актер- има 32 години. Тони раскажа кога видел дека син му има талент за глума.

-Кога одев во градинка ја играв првата претстава на приредба“, кажа Александаер, а потоа Тони се надоврза: Јас го гледав на претставата, дека го знае улогите на сите други деца.

Додека тие играа, тој ги повторуваше улогите заедно со нив, нечујно. Тогаш видов дека има нешто“, кажа Тони. Исто така, Александар зборуваше дека подоцна сфатил дека татко му е познат.

-Не го доживував стариот како познат актер, но кога пораснав видов колку е добар и тоа му го кажав“, рече Александар и додаде дека на 17 години дома соопштил дека сака да стане актер.

– Мајка му се противеше многу, доволно и беше еден актер по дома“, кажа Тони за мајката на Александар, неговата поранешна сопруга. А Александар додаде:

-Мајка ми сакаше да се занимавам со маркетинг. Таа работи нешто сосема друго, изработува и нат ални карти, и во картата не виде дека јас ќе се занимавам со актерство“, рече Александар и нагласи дека би можел да се снајде и во друга професија.

Исто така зборуваа и дека кај нас во некои ситуации не е добро да си нечии син (напозната личност), а тоа во нивната приказна не секогаш се покажало како добро.

Претходна статија„Сум работела и за 150 евра“ – Каќа Грујиќ откри непознати детали за своето минато
Следна статијаМи дојде пред сите и ми рече: Знаеш што, cпиeв со маж ти – еве како јас ѝ одговорив