Нашата позната пејачка Тамара Тодевска, ја објави својата нова песна и видео спот „Нијагара“. Текстот и музиката се напишани во заедничка соработка меѓу Тамара и Лазар Цветкоски, со што ова е прва песна каде што Тодевска се јавува како автор.
Песната е изведена на српски јазик, и Тамара за ова свое најтазе музичко парче изјави:
– Нијагара“ е за сите луѓе кои во одреден момент се почувствувале ранливо, разочарано. „Нијагара“ е за сите кои се направедно етик етирани, да знаат дека на крајот има решение, а тоа е да продолжиме со борбата.
Честопати духовно сме зар обени, затворени во тој „кафез“, заро бени во нашите мисли и сопствени стравови. Таа состојба предизвикува да бидеме дест руктивни, гневни, но секогаш можеме да излеземе од тој „лавиринт“.
Само треба да одлучиме, силно да сакаме и да направиме чекор напред“, вели Тамара за мотивот да биде еден од авторите на оваа песна.
Видеоспотот се снимаше неколку денови, во Скопје, а е во режија на Огнен Шапковски и „Мелем“ продукција.
Спотот на динамичен начин ја претставува приказната на оваа песна, каде што во главната улога е Тамара, која може да се види во различни изданија кои се рефлексија на нашата емотивна состојба во различен момент од животот.
– На песната и на спотот работевме подолго време. Не ги форсиравме затоа што сакавме да направиме целосен продукт, како од музички, така и од продукциски аспект.
Станува збор за брза, динамична песна, која верувам ќе и се допадне на публиката, посочува Тамара. Песната и видеоспотот се издадени од ADA Warner, а истата е достапна во сите дигитални музички продавници.
А новиот спот за песната што се вика Нијагара , можете да го видите ОВДЕ.
А инаку,Тамара дала интервју за Слободен печат, и збпрувала и за оваа песна, а ја спомнала и сестра си Тијана, како и разводот со Мачка.
– Со Тијана сме навистина поврзани и таа сестринска љубов и поддршка буквално се провлекуваат низ мојот живот, како во приватниот, така и во музичката кариера.
И двете сме дел од музичкиот свет и можеби тоа придонесе и повеќе да се разбираме, да си помагаме и да се поддржуваме. Постојано се гледаме, се слушаме и си се наоѓаме, како за добро, така и за помалку убавите работи.
А исто така, таа се отворила за разводот со поранешниот сопруг, со кого има две деца, и на оваа тема, Тамара Тодевска изјавила:
– Во секој брак, во секоја врска е различно. Нема унифицирани и единствени правила. Партнерите најдобро знаат кога бракот/врската повеќе не функционираат и решаваат да се разделат.
Повторно ќе кажам, при разделбите многу е важен интересот на децата. Во никој случај не смееме да ги пренесеме разочараноста и гневот кон децата и тие да претставуваат пинг-понг „топче“.
– Ако кажам дека ми беше лесно – ќе излажам. Секоја разделба е бол-на и стре-сна и тоа не се срамам да го признаам.
Некако многумина сакаат да зборуваат дека веднаш продолжуваат напред, дека и разводот може да биде нова можност… не знам, не влегов во тој филм, затоа што според мене, никогаш не треба да ги криеме емоциите и себеси да се залажуваме.
Имам две прекрасни деца, опкружена сум со искрени пријатели, ја работам работата што ја сакам и не е воопшто сѐ така цр-но“, рекла за Слободен печат Тамара.