Сузана Турунџиева се присети на cвојот упокоен татко Ваcко: Овој човек остави чист образ на своите деца (Ф0Т0)

0

Сузана Турунџиева во една прилика изјави дека фантазира да оди на егзотични места, и кога на Атиџе ќе ѝ покаже некој егзотичен остров, таа ѝ вели: „Ти не знаеш колку е убаво дома, во Македонија, по нашите планини, ако ги одиш пеш.“

-Јас не сум во некоја финансиска благосостојба, да можам да ѝ го сменам нејзе животот на многу подобро, зборувам од аспект на тоа да ѝ обезбедам животни услови, бидејќи и јас сум таа што ги нема во моментов.

Јас сум еден самохран родител, кој живее под кирија, кој живее од една плата, и немам ништо на свое име.

Но, јас имам огромна желба да го правам светот подобро место за живеење, и онолку колку што можам да ги обединувам добрите луѓе,“ рече Сузана.

Сузана Турунџиева во интервју за Женски Магазин зборуваше за нејзините почетоци, нејзините дела и сѐ она што го има постигнато.

„Во минатото умеев почесто да плачам, мислејќи дека така ќе си олеснам. Подоцна увидов дека не ми станува подобро, ниту полесно, туку само се залажувам. Не паметам кога последен пат се имам расплакано.

Веројатно затоа што јас немам време за плачење, жалење и кукање сѐ додека од мене зависат други на кои сум им потребна здрава, насмеана, ведра и со широка насмевка и прегратка.”

Што се однесува до прашањето како ја држи главата горе после сите искушенија кои и ги предизвика животот, Сузана одговори дека потрагата по некои вечни прашања за неа сѐ уште трае.

,,Што се однесува до ГЛАВАТА ГОРЕ, чинам дека тоа ми е во „фабричка подесеност“ и го имам наследено од татко ми, Васко.

Секогаш кога ми е тешко и кога ќе се погледнам во огледало, го гледам и слушам него како ми вели:

Можеш ти сине и ова ќе го победиш, пишува Женски Магазин.

Во емисијата Магазин на Сител, таа беше гостинка со Атиџе Муратова, а повод е нивното пријателство и песната „Од Бекрилија до Битола“.

– Убаво е што во во ова модерно време, преку мојот Фејсбук профил, Атиџе можеа да ја следат нејзините фанови од Америка, од целиот свет. Ние во оваа пандемска година не престанавме да работиме, рече Сузе во емисијата Магазин.

Кога се запознавме, ништо не си ветивме една на друга. Одевме чекор по чекор до целта. Нас некако ни се препрелетоа енергиите, направивме една супер конекција. Ние сме многу раслични ако земеш да нè анализираш.

Но, од женски аспект сме многу слични. Таа ја има сромноста, трпеливоста, ведрината која што е во дефицит во ова наше лудило. Се повеќе луѓе се грижат за интереси, се повеќе ги врзуваат зделки и можности да заработат едни од други.

Нас ништо не нè врза такво. Апсолутно ништо, јас бев растеретена од таа комерцијална страна јас да бидам покрај Атиџе и таа да биде покрај луѓето коишто ја препознаваат нејзината љубов, и не случајно тимот на „Медена земја“ ја одбрал баш Атиџе“, рече Турунџиева.

-Јас не сум сретнала некој што толку многу ја сака Македонија колку Атиџе. Таа со толку многу голема љубов зборува за својата земја. И навечер кога си седиме често пати, и си фантазираме„, рече Сузана.

Турунџиева се сети на својот упкоен татко, и објави емотивна приказна за него со стара слика која ја објави, токму на денот кога се упокоил:

– 29 години без мојот сакан татко, омилениот учител, најдобриот пријател… Наспроти неговата огромна воља за живот, по одлука на судбината, во најдобрите години од својот живот не напушти и остави огромна празнина и тага.

Среќа е да имаш родител како татко ми Васко.

ЧОВЕК, КОЈ ОСТАВИ ЧИСТ ОБРАЗ НА СВОИТЕ ДЕЦА, напиша Сузана во описот на сликата.

Претходна статијаНа Ѓокица Лукаревски годините ништо не му можат- еве што направи cо Дац и Александар на сцена во Драмски (ВИДЕ0)
Следна статијаГенерациите 60′, 70′ и ’80 ќе се потсетат со носталгија – Перо Камиказа објасни што се случувало пред „Чичко Стоилко“ и „Ванила“