Веќе 10 години, Сузана Спасовска е солист првенец на ТАНЕЦ. Таа во интервју за ИН ТВ истакна дека е многу среќна со нив, бидејќи и сите утра и започнуваат со нејзините колеги од Ансамблот.
Легендарната пејачка на народни песни, Сузана Спасовска во интервју за ИН ТВ открива дека во ТАНЕЦ е многу години, но како надворешен член со нив соработува уште пред тоа.
-Како надворешен член со ТАНЕЦ соработувам многу години, меѓутоа официјално како солист првенец сум веќе десет години.
Како надворешен соработник јас доста патував со Танец, така да ако ги броиме сите тие години тоа се навистина доста години.
Многу сум среќна кога сум со нив, бидејќи и самото утро ми почнува прекрасно со музика, со колегите ќе се напиеме едно утринско кафе и ни почнува со песна, со музика и игра.
Некогаш ни недостасува кога имаме неколку слободни денови и првиот ден кога ќе отидеме на работа велиме лелее, чудно е без тие луѓе нели, се навикнуваш.
Тоа е една таква екипа која што ја бива и за пиење кафе, а и за песна и игра.-раскажува Спасовска, за гледачите на ИН ТВ.
Сузана во интервју за Панацеа.мк зборуваше за тоа како го одржува гласот со години и рече: Мојот рецепт за гласот е:
Не консумирам газирани пијалоци, не пушам цигари, не го оттоварувам гласот со зборување на висок тон, избегнувам задимени простории, не пијам врело, а ни премногу ладно и се што пијам е голтка по голтка“, рече Сузана.
Инаку, Сузана е женско библијско име (Шошана) и има значење на лотосов цвет. Персијското име е Саусан (Sausan). Некои верувања велат дека името Сузана е со еврејско потекло. Значење на името е крин, ружа.
Затоа за овие жени се вели дека нежни како цвет. Коренот на зборот означува: радосна, весела, светла.
Затоа е убаво да имате некоја блиска личност по име Сузана во животот, велат верувањата.
Сузана е едно од десетте најчести имиња во Македонија според статистиката.
Сузана Спасовска се отвори во интервју за Женски магазин и таму зборуваше за својата ќерка Теона, за својата внука Клара и рече дека таа е среќна кога поминува време со својата внука.
– Веројатно како и секоја баба. Прво сум многу среќна, ги сакам сите убави нешта што се случуваат и ја сакам цела таа енергија што се случува помеѓу баба и внука, мене ме прави многу среќна, а гледам дека и нејзе ја прави, бидејќи ние знаеме многу да се смееме, да си играме.
Кога сум со неа, јас се чувствувам како едно големо дете. Се враќам на оние детски радости, на игрите, на смеата, си се гушкаме, си се надополнуваме со енергија.
Секој момент слободен го користам за да го поминам со неа, дури некои работи и откажувам, за да можам да бидам со неа, бидејќи не само што ми ја бара душава, туку станувам премногу среќна кога ја имам таа енергија до мене.
Чувството е необјасниво, чувството може да го знае само една баба. Луѓето околу се шегуваат со мене и ми велат, ти и една супер бабичка, затоа што гледат Клара колку ме сака“, рече Сузана, а потоа зборуваше за својата ќерка.
-Сие ние кога ќе дојдеме во тие години кога треба да имаме семејство, да имаме пород, сите сакаме да биде сето тоа совршено, така и јас сум сакала. Меѓуоа, некогаш е подобро, знаеме дека е подобро, макар и со еден родител да биде детето, но да функционира семејството.
Теона не го почувствувала премногу отсуството на таткото, и едноставно отсекогаш велела дека нејзината мајка е и мајка и татко.
Јас никогаш не сум бранела таа да има комуникација со својот татко, сум била отворена за тоа, сум кажувала дека доколку сака да се види, да се слушне, сето тоа било дозволено“, изјавила таа.
Сузана Спасовака беше добра пријателка со Зоран Џорлев, за жал упокоениот виолинист кој овој свет го напушти на 1 јануари во 2021 година.
Сузана има пеено заедно со својот пријател, а сега со тага се присети на него и сподели една снимка која многу значи, а ова видео е старо 9 години.
– Нешто мое омилено, за вас, драги пријатели! Т’га за југ! Музика – Сашо Ливрински, текст – Константин Миладинов,
Гудачки квартет, виолина Зоран Џорлев! Дел од концертот “Виолина и глас” МНТ, 5 Март 2014 година“, напиша Сузана за овој настап заедно со Џорлев кој засекогаш ќе биде врежан со срцата на многумина, а можете да го погледнете ТУКА.