Спенџарска отиде во Солун и се разочара: Ми вети медитеранско сонце, а ме донесе во фрижидер… (ФОТО)

0

Спенџарска за Слободен печат раскажа како го запознала својот дечко кој е Грк ама исто така кажа и дека наскоро ќе се пресели во Солун кај него што предизвика многу коментари на социјалните мрежи.

– Го запознав Лукас КОГА НЕ ГО БАРАВ и кога НАЈМАЛКУ ОЧЕКУВАВ. Сериозно.

Оваа година воопшто немав време да мислам на партнер, затоа што многу други работи ми се случуваа во животот..

Расчистував прво некои работи со себе, се посветив максимално на мојот внатрешен мир, одлучив да си ја оладам главата со многу патувања и сакав да дознаам која сум јас во различни делови од светот.

Тоа е процес што воопшто не е едноставен и трае. Но, за мене беше незаборавна авантура затоа што кога сте целосно посветени на себе, секој ден откривате нешто ново за вас и станувате сѐ посвесни за својот потенцијал.

Еден таков ден кога лежев на плажа во Грција, бев сама, го гледав зајдисонцето и точно како вчера да беше, се сеќавам дека си мислев колку сум горда на себе што се учам да уживам во вакви секојдневни нешта и колку сум среќна токму сега во овој момент…

Два часа подоцна запознав човек за кој, во тој момент, не бев ни свесна дека ќе го промени целиот тек на мојот живот. Нашата прва средба не беше ништо во споредба со втората, која беше пресудна за мене.

Јас често му велам – тоа беше љубов на втор поглед – хаха. Првиот разговор од неколку часови, мислам дека ги постави темелите за втора средба.

Се случи во еден ресторан, тој веќе ме чекаше таму, јас дојдов после него и моментот кога го видов уште од самиот влез, како нешто да ми рече ОВА Е ЧОВЕКОТ.

Веќе некое време размислувавме на оваа тема, и двајцата донесовме одлука дека најдобро е јас да се преселам таму.

Сепак е поголем град, повеќе можности, повисоки температури и јас сум спремна за нови предизвици, така што ете, нешто што првпат го објавувам јавно, во март се селам во Солун“, изајвила во Слободен печат Јелена.

Тој е човек што постојано ме изненадува како карактер. Егото му е спуштено на минимум и тоа е најпредизвикувачкиот дел за мене.

Со тоа учам многу за себе, како да бидам подобра и каде секојдневно грешам.

Тотално небалкански менталитет, маж што знае како да се однесува со жена, многу внимава на сѐ што ќе каже, често знае да ме изненади со некоја негова идеја“, кажала Спенџарска.

Таа на Инста стори шерна спомен, од некое друго време кога во Солун одела само на шетање, тоест на викенд и до оваа постара слика, таа напишала:

-Време кога Солун ми беше викенд дестинација 3-4 пати годишно, и ни во најлуд сон не замислував, дека преку две улици од овде ќе го пијам своето прво кафе понделеник наутро во човекот во кој сум вљубена и ќе ми рече:

-Остани засекогаш! OMG, сè е возможно во животот, СÈ!“, напиша Јелена на Инста стпори, а во друго стори таа објасни за тоа дали се повлекува од ТВ екраните.

– Работата на телевизија си продолжува иако нема веќе да биде секој ден. Во студио ќе влегувам еднаш неделно, но да не бидете изненадени и ако почнете да гледате повеќе прилози од Солун.

Морам да бидам и таму и тука, сепак имам и доста приватни ангажмани, брендови со кои соработувам во Скопје кои бараат и физичко присуство.

Не заминувам засекогаш. Тука сум, и колку што можам, им стојам на располагање на сите, плус, не зезајте, еве го кај е. Ќе биде интересно“, напиша Јелена на Инста стори.

Неодамна при една викенд посета во Солун, Спенџарска на Инста стори таа кажа дека заминала за да ги искористи попустите за Black Friday.

Прво, се снимаше како се шета низ градот, потоа, се пофали каква домаќинка е, тоест какви убави чинии си купила, а потоа во едно од сторињата се слушна машки глас со кој зборува на англиски јазик.

Потоа, се снимаше како разговара со машки глас и вели дека ја донел во продавница за сирења и дека таму е многу студено.

-Сирење сака да си купи човекот.Тој не знае дека ние во Берово имаме најубаво сирење ама ајде“.

Откога викендов Јелена повторно замина за Солун, а претходно изјави дека месецов таму ќе се пресели, Јелена објави на стори дека е повторно во супермаркет, а Лукас повторно ја однел во делот каде што се чуваат сирењата и кашкавалите, за кој Јелена вели дека е многу ладен.

На видеото кое го објави водителката може да се забележи дека не ѝ е најпријатно бидејќи ѝ е ладно, а во описот напишала:

„Ми вети медитеранско сонце, а ме донесе во фрижидер.“

Потоа, Јелена објавија дека со Лукас си купиле 7 вида на сирење што значи дека ќе имаат романтична вечера и дегустирање.

Претходна статијаМи дојде пред сите и ми рече: Знаеш што, cпиeв со маж ти – еве како јас ѝ одговорив
Следна статијаВера Мештеровиќ објави слика без блуза и кажа за што е благодарна (ФОТО)