Се појави ретка слика од Гоце Тодоровски, го паметите ли во вакво издание? (ФОТО)

0

Во новата сезона Македонски народни приказни учествуваат голем број на глумци од старите делови, како и нови македонски глумци.

Првата епизода од новите македонски народни приказни снимани од МТВ се вика „Грнчарот“ и се снимала во едно од студијата на МТВ.

Останатите епизоди се снимани во околината на Скопје, како на пример: во дворови во Скопска Црна Гора, кај Св. Пантелејмон, во селото Нерези, во селата Добри Дол и Соње, во Куршумли ан, како и во студијата на МТВ.

Гоце Тодоровски, заедно со Лазар Бараков, Шенка Колозова, Ванчо Петрушевски и многу други, играше во голем дел од овие приказни.

За него и а повозрасните колеги, помладиот колега Владо Дојчиновски во една прилика во интервју за Црно бело рече:

-Го завршив факултетот кај што според мене се учи основата на актерската игра, а имав среќа да работам со големи и искусни актери кај нас, прифатени и наградени за тоа што го правеле (Шенка Колозова, Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски…)

И благодарение на тоа несебично ќе кажам дека покрај овие искуства, а и, ете според мислењата на овие мои колеги, јас веќе успеав да ја работам мојата професија на начин каков што ја работеле тие.

Од градењето на ликови, правењето на производот до блискоста кон публиката и многу се радувам што тоа го правам баш така“, рече Дојчиновски.

За кариерата на Гоце се знае многу, а за приватниот живот многу помалку. Тој е долги години во среќен брак со Тања, ја има ќерката Сашенка, која е среќно мажена и често на социјалните мрежи објавува слики од својот сопруг.

Но, Гоце има и син, кој верувале или не се вика исто како и татко му, Гоце Тодоровски.

Синот на Гоце Тодоровски, не е активен на социјалните мрежи, но од него слики објавува неговата сестра Сашенка.

Таа има посебна релација со својот брат со кој е многу блиска, судејќи спорец сликите кои ги објавила на Инстаграм.

Сестрата и братот се седнати во кафуле и уживаат во друштвото на еден со друг, а на сликите може да се забележи дека и двајцата личат на својот татко, а особено Гоце- тој е плукнат на Гоце Тодоровски сениор.

Гоце Тодоровски е долги години во светот на театарот и ТВ сериите, но сепак ретко се појавувата негови постари слики, од времето кога бил помлад.

Тоа го стори Горан Марковски, кој е админ на Фејсбук страницата на Ѓорѓи Колозов, и објавува негови сеќавања и го одржува и споменот на повеќето наши познати актери.

Марковски, на страницата на Колоозов има објавено две слики, една од Гоце сега, и една од Гоце кога бил доста помлад, и до нив напишал:

– Гоце Тодоровски со поглед кон младоста! Ех што ти е младост… На првата фотка Гоце, млад и убав, ново “печен” актер штотуку завршил студии…

На втората фотка Гоце, остарен и шармантен, ужива во пензионерските денови и во безброј минутажната кариера која ја создал…

Еден од најдобрите кај нас!“, стои во описот на оваа фоторафија, а авторот е во право затоа што Гоце Тодоровски беше и остана еден од нашите најдобри актери.

Претходна статијаАгнеса ужива во друштво со овој наш познат новинар, уникатно облечена и ослабена (ФОТО)
Следна статијаЌерка ми зборува македонски, ама не знае да чита- Маријана од Австралија се отвори за ќерка си Магдалена