Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ имаат голема причина за славење бидејќи пред точно 4 години на свет се роди нивниот син Александар и со своето раѓање ја заокружи нивната љубов.
Веднаш по полноќ почнаа да се слеваат честитките од пријателите и следбениците, кои му посакуваа сѐ најдобро на нивниот син, а пејачката сподели и видео снимено од нејзините обожаватели на стори.
Имено, видеото наизменично се менува меѓу нивните заеднички семејни фотографии и најубавите моменти кои јавноста имаше можност да ги види овие 4 години.
Иако официјално ниту Александра, ниту Филип, ниту другите членови од нивните семејства не ја најавија оваа најубава пригода, со сигурност тие уживаат во овој ден далеку од очите на јавноста со цел целото внимание да го посветат на роденденското момче.
Со оглед на тоа што таа е многу ангажирана, а настапите ѝ се закажани однапред, преслаткото момче е најсреќно во деновите резервирани исклучиво за семејството и може да ги покаже своите емоции скриени во неговото мало срце.
Пејачката никогаш во јавност не го разоткрила своето единствено дете и неговите фотографии се вистинска реткост на социјалните мрежи, но грижливата мама овој пат не одолеа, кога го објави роденденското видео на Инста.
Со оглед на тоа што синот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ сега е во особено интересен период на растење, секоја негова постапка ги воодушевува неговите горди родители, па не е чудно што таа решила да го сподели видеото со своите пријатели и обожаватели.
– Те сакам до сонце и месечина, до небо и до „фафон“ – синот на Александра Пријовиќ и изразил неизмерна љубов кон мајка си, а музичката ѕвезда низ насмевка прокоментирала:
„До плафон?“, а со видеото кое го објави на својот Инстаграм профил разнесе многу луѓе и предизвика најубави емоции.
Иако пејачката во една прилика изјавила дека често е љубоморна на тоа колку е Александар приврзан за татко му и дека веќе размислува за времето за девојче која би била душичка на нејзината мајка, со оваа објава таа јасно стави до знаење дека секој момент може да изненади со убава вест, да остане бремена по вторпат.
Александра и Филип Живојиновиќ судбоносното да го кажаа на 21 јуни 2018-та година..
На овој најважен ден за младенците, тие го одбележаа заедно со пријателите, роднините, семејствата и многу познати личности секој во своја област, секако присуствуваа луѓе од естрадата.
Младите не ја симнувале насмеката од лицето, и се веселеа до раните утрински часови заедно со 900 гости кои пристигнале од сите страни на светот.
Пред да се склучи свадбата, на прашањето дали ќе потпишат предбрачен договор, Александра одговорила:
„Сѐ уште немаме разговарано на таа тема. Мене ми е сеедно, таа одлука ќе ја препуштам на Филип. Ако тој сака, и јас би сакала да потпишеме предбрачен договор, изјавила Алкесандра за „Ало“.
Со оглед на тоа дека Александра на свадбата облекла венчаница со длабоко деколте, за малку ќе се случеше фа тална грешка.
Имено, додека пејачката одела, српскиот Курир пренесува дека ѝ паднал фустанот, па за малку ќе ѝ се виделе градите, но таа брзо ја исконтролирала ситуацијата.
Инаку, Пријовиќ во неколку наврати зборуваше за тоа како ужива да биде мајка и не крие дека секоја разделба со синот ѝ е тешка.
– Сè е потешко. Александар сега зборува и поставува прашања каде одам, зошто одам… Се обидувам да му објаснам дека одам на работа и брзо ќе се вратам, но секогаш ми е жал што го оставам.
Ми вели: „Мамо, ќе пееш? И јас сакам да пеам“, верувајте ми, многу е тешко. Почнува и да плаче затоа што е навикнат да спијам со него.
Едноставно, последнава година бевме цело време заедно и сега се навикнува на тоа дека мама мора да оди – изјави во една прилика Александра.