Каролина Гочева, како пејачка која нераскинливата врска со музиката ја започнала уште од мали нозе.
Tаа со богато искуство го нижи секој музички ѓердан од хитови и континуирано се надминува себеси, поставувајќи притоа високи стандарди на современата македонска сцена.
Албумите „Македонско девојче“ (1 и 2) се неоспорливи докази дека Каролина умее мајсторски да танцува со гласот во различни музички правци, а резултатот секогаш да е феноменален“, објави Фемина.мк во една прилика.
Во интервјуото за истиот медиум, Каролина збборуваше за многу нешта, а меѓудругото изјави:
-Не сум многу послушна кога се совети од други во прашање, подобра сум кога давам совети. Но, еден од ретките совети кои сум ги послушала и настојувам да ги применам е секогаш да си ја следам интуицијата.
Искрено, што поради природата на мојата професија, што поради поднебјето каде живееме, толку многу глупости сум се изнаслушала, така што веќе воопшто и не ги регистрира.
Ниту ги паметам, а искрено повеќе не ме ни вознемируваат“, рече Каролина на прашањето кои се најапсурдните гласини и кои ги чула за себе.
Нашата музичка ѕвезда во едно интервју го даде следниот одговор на прашањето: Колку си самокритична и строга кон себеси, и во работата и во животот воопшто, таа одговори:
-Поприлично. Не знам дали е тоа добро или лошо, ама некогаш баш знам самата да си се “уб ијам во поим” (се смее). Како и да е подобро тоа , отколку обратната варијанта.
Кога бев (по)млада и несигурна знаев повеќе да вреднувам туѓо мислење од своето и многу пати знаев да згрешам, или и да не било грешка – да не сум задоволна од одлуката.
Сега се повеќе се водам од моето внатрешно чувство. Не би рекла дека сум импулсивна, но обично си го следам инстинктот, “шестото сетило“ и кога е така, ретко грешам.
Секако, знам и да се посоветувам со блиските ми луѓе, но крајната одлука мора да е моја“, изјави пејачката.
Каролина Гочева, како што е познато има одржано повеќе концерти, поточно седум на кои ги пееше македонските бисери на забавната музика.
Таа пеела во Македонската Филхармонија и во Македонската опера и балет, зњедно со Исмаил Лумановски и Дуке Бојаџиев, кои се исто така наши познати музичарти.
Поточно, нумерите кои ги имаат испеано се постари преработени песни од македонски композитори, а Каролина во една прилика, во Женски магазин има изјавено:
– Целиот албум кога го слушам ми буди некоја меланхолија, некои чувства за кои не сум ни била свесна дека тлеат во мене во тој момент.
Затоа и кога требаше да се именува не сакавме да биде насловен по песна, туку сакавме некако да го доловиме чувството кое ни го буди додека го слушаме и изведуваме.
Така дојдовме до копнеж и љубов. Што се однесува пак до песните, „На овој ден” и „Ни на на”… исто и „Празно е” кога и повторно да ја изведувам се чувствувам како вистински да ја доживувам“, изјавила Каролина
Медиумите напишаа дека таа многу ја сака нумерата „За нас почнува живот“, а таа всушност пред години и години ја има испеано Даниела Панчетовиќ.
За песната „За нас почнува живот“, рече дека ти е многу значајна приватно, дека ти буди убави спомени. Можеш ли да се сетиш, кога за првпат ја слушна, зошто ти е лично толку значајна?- ја прашале Каролина.
А таа, за оваа песна со која е животно и емотивно поврзана, одговори:
– Ја слушнав првпат пред неколку години, не се ни сеќавам во која прилика точно, но ми остави силен впечаток и точно, покасно обележа и некои мои значајни моменти. Со неа на некој начин и се отвори и идејата за албумов.“