Ова е најдоброто издание на Гавазова, личи на Јапонка, со годините станува се поубава (ФОТО)

0

Сузана Гавазова и Јасмин Кукурузовиќ склучиле граѓански брак во Шведска каде Јасмин, а подоцна и таа живееја до пред неколку години.

Истата 2014 година, само во месец август направија и свадба во родната Струмица кај невестата, а беа поканети 400 гости.

Сега речиси деценија подоцна сонот на фолкерката само добива нова и поубава димензија. Кога се омажи беше бремена со ќерката Емили, а една година подоцна ја доби и помалата Селена.

-На овој датум јас и мојот сопруг Јасмин Курузовиќ стапивме официјално во брак. Нека ни е на здравје! – напиша фолкерката за споменот кој го објави на својот Инстаграм профил.

Семејството е најголемото богатство кое може да го има еден човек, а кога сите се на број, големината на тоа што го имаме е непроценлива.

Фолк пејачката Сузана Гавазова пред неколку години се врати од Шведска во родната Македонија и поблиску до членовите од потесното семејство.

Сега сите заедно во Струмица имаат повеќе заедничко време за да ги споделат сите нешта од животот. Еден таков убав повод беше јубилејниот роденден на мајката на Сузе.

Нејзината мајка Руса наполни 70 години и зачекори во осмата деценија од животот. Крајот на месец јануари во нивниот дом е резервиран за роденден, а и овој пат имаше и роденденска торта и свеќички со бројот на годините.

-Среќен роденден мајко моја! Да си ни жива и здрава, напиша пејачката на објавата каде баба Руса ја држи тортатата во рацете.

Инаку, Гавазова во секое време има што да понуди и добро знае како да ги изненади нејзините следбеници со нешто ново и интересно кога станува збор за нејзиниот стајлинг.

Гавазова ја започна годинава со настап во еден познат ресторан во нејзиниот роден град Струмица, во светкав фустан со реси, каде изгледаше како латино пејачка.

А инаку, кога Сузана Гавазова славеше роденден, на нејзиното стори на социјалната мрежа Инстаграм, доби многу честитки, па им се израдува, заблагодарувајќи им се на сите по ред.

Кон честитките се придружи и голем дел од дијаспората, како и нејзината пријателка, некогашната македонска водителка, Хелена Роза која живее и работи во Нов Зеланд, објави Вистина.

Mинатата пролет, во Прилеп се одржал фолк фестивал на кој пеела Елена Велевска и Сузана Гавазова. Двете пејачки, за кои често се зборува дека се скарани и не се трпат, го докажаа спротивното.

Инаку, двете фолк диви за време на пандемијата најавија заеднички настап.

Сузана Гавазова и Елена Велевска тогаш одржаа заеднички онлајн концерт за фановите, и бројните шпекулации дека двете познати фолк пејачки се скарани со овој концерт паднаа во вода.

А инаку, на настапот во Прилеп и двете се сликале заедно гушнати, а Велевска оваа слика ја објавила на Инстаграм и напишала: Две македонски диви. Инаку, ова е причината што тие две не беа во добри односи.

Претходно пак, Елена Велевска во едно интервју за „Ексклузив“ изјави дека со колешката Сузана Гавазова не се најдобри односи, но и дека на некој начин секогаш ќе бидат ривалки бидејќи се во иста професија.

Велевска во интервјуто истакна дека со нејзината колешка „се скарале“ бидејќи требало заедно да снимаат дует.

Меѓутоа, Елена трипати била во студиото за да го снима својот дел, Гавазова не се појавила, објави Вистина во една прилика.

„Јас секогаш ќе ја доживувам како колешка.

Неодамна бевме договорени да снимиме дует, јас трипати појдов во студио да го сработиме, но таа некако не сакаше да се соочиме.

Тоа ми покажа многу различен став од оној кој го имав претходно за неа. Иако ми е колешка ние никогаш не би можеле да не бидеме ривалки, а да сме во овие естрадни води“ изјави неодамна Велевска.

Гавазова и Велевска позираа заедно, и двете оваа слика ја објавија на Инста стори. И двете се слично облечени, во мини фустани кои се светкави, и не се знае која е поубава и позгодна.

Гавазова често изненадува со своите стајлинзи и често знае да направи некој исклучок и да излезе во досега невидено издание, за што е најуникатна на нашите простори. Гавазова во многу наврати има покажано дека е флексибилна за нови работи, особено по тоа што често ја менува фризурата.

Таа на стори на Инстаграм објави како се средила за еден настап. Гавазова носеше светкав фустан со интересен детаљ кај деколтето, а косата ја средила во пунџа, а и очите ги нашминкала поразлично, што нејзиниот изглед многу потсетува на Јапонка. Пејачката со годините изгледа сѐ помладо, а со ова издание ги изненади многумина.

Претходна статијаФолкерката Ирена Спасовска покажа дел од себе кој ретко кој може да го види (ФОТО)
Следна статијаПеро Антиќ се појави со најстариот син Лука – еве колку многу си личат (ФОТО)