Актерот Кирил Поп- Христов- Кили во 2014 година, тој со сопругата Гордана Деан Поп Христова и ќерката ја напушти Македонија и се пресели во градчето Олон, Еквадор, во Јужна Америка.
„Во Еквадор дишам слободно“, изјави актерот тогаш.
Потоа, Кили по неколку години пауза повторно се појави на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“ и беше прчекан со овации од публиката.
Сега, Кили води мирен живот подалеку од очите на јавноста.
Во 2019 година, ќерката на актерот Кирил Поп Христов и кореографката и професорка по свовремен танц, Годрана Деан Поп Христова, Јоана, се омажи на Еквадор – земјата каде заедно се преселија пред неколку години.
„Се омажи нашето бебе и ќе има бебе“, напиша Гордана. Јоана се омажи со Родриген Сориа Хозе Луис со кого беше во врска подолго време.
Веста на социјалните мрежи ја објави среќната мајка Гордана, споделувајќи дека Јоана наскоро ќе стане мајка.
Веста дека нивната наследничка се омажи со момче од Еквадор, брзо се рашири во македонските медиуми и го привлече вниманието на јавноста, а сега тие се родители на синот Круз.
Познато е дека Кили има уште еден брат кој се вика Мио, тоест Владимир Поп- Христов и тој е музчар, тоест пејач, и пееше во групата ДНО.
А инаку, глуумецот Кили музичарот Мио имаат уште еден брат кој има сосема поинаква приказна од нивната. Тој е музичар и неговото име може да се најде на страницата на Македонската Филхармонија.
Александар Поп Хрустов во оваа установа е водач на контрабаси. „Неговата прва средба со Македонската филхармонија датира уште од времето на студентските денови со дебитантскиот солистички концерт.
Редовен и активен член на оркестарот е од 1995 година, а веќе од 1998 година го добива статусот водач на секцијата контрабас и тоа сѐ уште трае.
Академското образование го завршува на Факултетот за музичка уметност во 1992 година кај реномираниот професор по контрабас Велко Тодевски, исто така, и магистерските студии, кои ги завршува во 1998 година.
Во текот на целокупното школување,учествува на повеќе меѓународни натпревари на кои добива повеќе први награди.
Неговото долгогодишно работно искуство изобилува со многу концерти, соработки со познати и реномирани диригенти и уметници на домашната сцена, но и голем број гостувања низ многу земји во светот“, стои на страницата filharmonija.mk
Еднаш имале настапено сите браќа заедно, а тоа било на Златната бубамара на популарноста, уште во 2011 година. Тогаш Кили кажал:
Дозволете ми да во претставама нашиот нов проект, нашиот нов бенд, Браќа Кошулчеви.
Браќа Кошулчеви е едно име од нашето детство, а вечерва ќе го исполнат сонот на нашите родители, да не видат нас тројца браќа заедно на сцена, во една свирка.
Така да, драга моја мајко, ние браќата Поп-Христови ти ја посветуваме оваа песна само тебе“, рекол Кирил Поп Христов.
Кили е нели познат актер, брат му рок музичар, а Александар има сосема поинаква приказна тој свири класична музика.
Тој настап од манифестацијата Бубамара, каде пее и Ана Костовска, можете да го погледнете ТУКА.