Пејачката Драгана Мирковиќ ретко зборува за приватниот живот и бракот со Тони Бијелиќ, а познато е дека тие се многу хармоничен пар.
Имено, Драгана во едно интервју се присетила на моментот на запросувањето и изненадила со многу детали, бидејќи никогаш досега не зборувала за тоа.
– Тоа беше навистина необично. Прекрасно е кога познатото прашање „дали ќе се омажиш за мене“ ќе се постави во романтичен амбиент, но кој вели дека мора да биде така?
Прашањето му излета на Тони додека чекавме да запали зелено семафорот, среде некои мои приказни, со насмевка реков да и тоа беше тоа. Мене ми беше интересно, смешно и романтично.
Додуша ќе дадам се од себе еден ден син ми да не ја запроси идната сопруга на семафор – низ смеа изјави пејачката и додаде:
– Во првите шест месеци од нашето запознавање разговаравме многу бидејќи јас живеев во Белград, а тој во Виена.
Беа часови и часови телефонски разговори, за време на кои сфативме дека зборуваме на ист јазик.
Можете да замислите колку не чинеше, бидејќи меѓународните разговори беа многу скапи – низ смеа изјавила и Драгана.
-На телефон трошевме најмногу пари тогаш“, изавила Мирковиќ. Бракот на Драгана Мирковиќ на почетокот не бил лесен.
– Факт е дека ја напуштив Србија поради љубов, но воопшто не ми беше лесно да се одлучам на таков чекор. Од убава куќа на село, отидов на педесет квадрати, во стан.
Иако имал компанија, Тони не бил заинтересиран да вложи во дом, туку да вози супер автомобил.
Вистинско размислување на едно момче.
Сепак, тоа ми беше најмалиот проблем. Кога отидов во Виена, ја напуштив мојата земја, семејството и кариерата.
Можеше да се случи никогаш да не се вратам на сцената. Дали сфаќаш колку ризикував?
Сега, кога ќе се сетам на тој период, сфаќам колку сум била храбра – изјави пејачката за „Стори“.
Да потсетиме дека пејачката Драгана Мирковиќ од среќниот брак со Тони Бијелиќ ги има синот Марко и ќерката Мануела Бијелиќ кои со години не се видени во јавноста, а сега почнаа да се појавуваат.