Ноне се врати во Македонија и го отвори срцео: Тие очи не се за тебе, само кој да им објасни?

0

Малата велешанката Нона Неделковска и себе си, но и на сите останати прва им го „трасираше патот“, им ги „отвори вратите“ на македонските пејачи за учеството во едно регионално музичко талент шоу.

Тоа свушност беше еден натпревар во кој и не мора да победиш, а можеш да станеш вистинска ѕвезда“, објави Вистина.мк во една прилика.

Пошироката македонска јавност ја запозна како девојката која прва која „го скрши мразот“ уште во 2005-та година во тогаш регионалнот „Идол“ како музичко натпреварување на таленти од Србија, Црна Гора и Македонија.

Ноне сега не се занимава со музика, освен за своја душа, таа работи на брод, но имаше една пауза, за време на пандемијата, кога беше дома, во својот Велес.

Иако, Ноне не го експонира премногу своето семејство, овој пат покажа од кого ја наследила својата убавина.

Имено, Ноне во стори на „Инстаграм“ објави фотографија со нејзината мајка со која неверојатно си личат. „Мама“, напиша Неделковска покрај фотографијата.

Работам на брод како советник за убавина во фришоп. Прв пат заминав да работам на брод во април во 2012 година, и требаше да патувам до Египет, поточно Шарм Ел Шеик.

Никогаш нема да го заборавам чувството кога пристигнав таму. Бев збунета и возбудена, еден тон емоции кога застанав пред бродот.

Сакав промени, затоа се одлучив да заминам. Пет години бев на македонската естрада. Еден ден си реков- и што по ова!? Зарем ова треба да правам во наредните неколку години!?

Стани, среди се, оди по емисии одговарај на некогаш глупави прашања.

Слушај и читај з ли коментари, моли се за викенд да имаш букирано некој настап. Ми требаа нови предизвици и за кратко време од помислата дека треба да сменам нешто, се најдов на брод“, изјави за Женски магазин Ноне.

Секое место е со свој шмек а јас со моето мото „Work hard Play hard’ , слободното време го користев максимално да прошетам и да видам и научам што повеќе за местото каде што бев.

Ќе го издвојам Флам во Норвешка, сета таа убавина, зеленило, чисто и смирувачко место.

Единствено нешто за зашто секогаш се враќам назад во Македонија се моите родители и мојот брат. Секако, тука ми се и другарите и другарките што сме поминале убаво детство заедно и секогаш е убаво чувство кога сум опркужена со тие што ги сакам највеќе“, вели Ноне.

Ноне сега се вратила во Македонија, и споделила сториња како си ужува во својот роден град, ама со една објава, таа го отвори своето срце:

– Сите погледи исти се, тешки и опасни. Тие очи не се за тебе, само кој да им објасни. И само… Помисли на тоа што се можеме…

Можеби е доцна, а може не…“, напишала Ноне, а ова е всушност песната „Во бестрага“ која е тажна љубовна песна, а Ноне била инспирирана од концерт на „Нокаут“ и на Игор Џамбазов на кој била присутна.

Дали Ноне пати по некого, или пак наскоро сепак ќе ја најде своата љубов, останува да видиме.

Претходна статијаМлада се развела и останала сама со двете деца- се вратила од странство и почнала од нула: Животната приказна на Лидија Вукиќевиќ
Следна статијаГолема промена кај актерот Висар Вишка, пријателите не можат да се препознаат (ФОТО)