Ми дојде пред сите и ми рече: Знаеш што, cпиeв со маж ти – еве како јас ѝ одговорив

0

Писателката Зорана Шулц во интервју на РТС, отворено проговори за моментот кога открила дека сопругот ја из не верува:

„На еден прием ми пријде една млада девојка и ми рече: „Дали сте госпоѓа Шулц“, потврдив, а таа пред сите ми рече: „Спиев со вашиот сопpyг“.

Замислете го мојот шо к! Сите во опкружувањето гледаат во мене. Тогаш таа дополни: „И да ти кажам уште нешто, не е ништо посебно во кр евет“.

Јас потоа се собрав и ѝ реков: „Знаеш што, некои жени велат дека е добар, некои велат дека не е. Сѐ зависи од жената“.

Не можам ни да ви објаснам како се чувствував во тој момент – Земјата ми се отвори да паднам. Тоа беше најлошо за мене бидејќи во тој момент бев опкружена со луѓе.

Подобро ќе беше да дознаев од други луѓе, или дури и да го фатев на дело, но некој да ти пријде така и да ти каже директно во друштво – многу, многу непријатно искуство.

Знаев, чувствував дека ме изневерува, но не бев сто проценти сигурна во тоа до тој момент кога таа жена ми кажа.

Тој беше многу моќен човек во својата работа. Мислам дека мажите кои сакаат да се докажат се стремат кон богатство, големи пари и затоа тој беше многу привлечен за жените, бидејќи жените се тие кои ги привлекува моќниот маж.

Колку бил помоќен, толку повеќе заработувал, толку повеќе бил склон кон прељуба.

И секогаш кога ме изневеруваше, ми носеше по некое убаво парче накит.

Одмаздата беше што го оставив и најдов некој друг. Со денови откако дознав дека ме изневерува, се прашував каде згрешив, што направив за да го натерам да оди кај друга?

Потоа отидов и го искршив неговиот автомобил. Во тој момент тоа беше мојата одмазда, но сега во овој момент никогаш не би го направила тоа“.

Клиничкиот психолог Бранислава Павловиќ советува како да се справиме со прељубата и што да правиме после неа, за да ни олесни:

„Најлошото е да го задржите за себе и да не кажувате никому за тоа и да се однесувате како ништо да не се случило. Човек кој доживува дека партнерот го изневерува, доживува емоционална траума и многу често има симптоми на посттрауматско стресно растројство.

Она што е лошо е што се фокусираме само на надворешноста, на партнерот кој не изневери и на таа трета личност.

Замката е што често личноста која била измамена во тие моменти се оддалечува од себе и да знае кој е и што е.

Потребно и корисно е да разговарате со другите, да се храните здраво, да шетате – посветете се максимално на себе. Сѐ друго не е здраво. ”

Извор: Курир.рс

Фото: Илустрација

Претходна статијаТони Михајловски прозборе за поранешната сопруга, мајката на Александар и откри што таа не сакала, а се случило
Следна статијаСпенџарска отиде во Солун и се разочара: Ми вети медитеранско сонце, а ме донесе во фрижидер… (ФОТО)