Маленко по долго време се огласи во јавноста, објави уникатна слика

0

Александар Маленко, нашиот трофеен поранешен пливач минатата година се ожени по петти пат. Тој сега многу често ги коментира состојбите во македонскиот пливачки спорт.

Веста дека запловиле во брачните води, ја објави Метка Спаравец на социјалните мрежи. Метка е онаку колешка на Маленко, таа е поранешна пливачка олимпијка.

Од тоа што може да се види на социјалните мрежи кај Метка, таа има четири деца, додека пак Маленко вкупно има пет деца. Ќерката на Метка исто така се занимава со пливање, таа е успешна во својата младинска категорија..

Маленко се изгуби во јавноста откако му се случи петтиот брак. По долго време, тој се огласи во „Бекстејџ“ и тоа од Словенија каде што рече дека живеее, минатата година.

Маленко од Марибор одговори на сите прашања поврзани со неговиот живот, а го искоментира и фактот дека е млад дедо. Имено, неговата најстара ќерка Лора пред две ипол години го роди синот Јаков..

-Благодарност за вашата покана, во вашата емисија“, рече Маленко, а потоа искоментира како го освоила Метка.

„Метка ме освои со својата искреност и упорност со сите свои намесри како спортист и како личност во своите 26 години, кога последен пат 1996 година на олимписките игри се видовме, па секој замина по свој пат.

И со својата убавина која не е избледена од пред 26 години. Секоја жена е на свој начин убава, и надворешна и внатрешна убавина, кој како ја носи. Моментално живеам со постојана адреса во Марибор, со својата сопруга и со семејството.

Можам да кажам не сум се преселил, ни едното ни другото, ни работа ни приватност, меѓутоа успеав двете работи некако да ги спојам во случајот со адреса на живеење на едно место, зашто знаеме нели Словенија е во Европска унија, знаеме Европска пливачка федерација е во Лион, Светска пливачка федерација е во Лозана.

Своите обврски согласно моите работни нови позиции нели, се зголемуваат, така да многу лесно успевам со својот дом во Марибор да бидам секаде на време, но нели и назад како секој човек со својата фамилија“, изјави Маленко во видеото за Бекстејџ.

Потоа, тој доби прашање: Дали полесно им судиме на другите отколку сами на себе, а тој одговори:

За жал, последниве години ние станавме едно тотално неписмено општество, едно општество изобличено со вредности, над 90 проценти, коешто упорно нели, медиумите и експерите во наводници го кријат од здравото општество од убавите луѓе коишто за жал во мал процент останаа.

Секојдневните прифаќања на нездрави вредности на живот, нели, од нашата блиска околина, од Балканот, ги прикажуваме како основни вредности за живот.

Заради истото нели, јас им порачувам да си продолжат понатака самите исти, со рекла- казала и коментари нели.

Со 50 денари или 80 центи едно кафе да пијат цел ден да го лигават, и да останат тоа што се нели ка н-цеp, на едно општество коешто е пример за губење на својот идентитет.

Генерално посакувам се најдобро во врска со прашањето коешто ми го поставивте „Во каков однос сум со останатите претходни“, рече Маленко во Бекстејџ лани.

Потоа откри и каков татко е тој: Јас сум растен во семејство со здрави општествени вредности. Преблагодарен сум на мајка ми и на татко ми коишто ме донеле на овој свет и коишто ме научиле на три основни вредности, уште од кога сум заодел. А тоа се нели: култура, почит и одговорност-дисциплина.

Значи, основни работи кои секој родител треба да на своето дете да му ги каже. А улогата на дедо, млад дедо како викате, тоа веројатно оставам на години и кога ќе треба да ја носам таа улога со бастум.

Како би ја дефинирал љубовта и бракот со оглед на тоа што имам големо искуство како викате?

Видете, секој човек си знае најдобро за себе што му е потребно, за да биде свој и жив едноставно да се осеќа.

Кога тоа ќе го најде, може да се каже дека успеал за себе, и да живее онака како што посакува секојдневно додека е жив. Едниствено нешто што не можеме ни со пари да го купиме, тоа е времето кое не можеме да го вратиме назад.

Така да, ве поздравувам, посакувам секојдневно позитивна енергија, живот- самите за себе и за сите околу себе што ги почитувате. Поздрав од Словенија, од Александар и Метка“, порача Маленко од Словенија.

Тој сега ја сменил својата профилна слика на Фејбук, а сликата е од времето кога бил мал, така што ова е ретка прилика да го видиме Маленко каков бил како дете.

Претходна статијаЦеца само за влечки дала повеќе од 1.000 евра, овие неколку „парталчиња“ чинат колку еден стан
Следна статијаПеце „Cуперхикс“: Два дена молчам, но решив да проговорам што му се случи на мојот син