Ленче Кукиќ искрено си кажа за тоа колку ја ценат во Србија- Осознав вредности, кои можеби кај нас се изгубени

0

„Горда сум на моето семејство“, има изјавено во едно интервју за Фешнел Ленче Кукиќ, нашата позната пејачка, една од најдобрите во фолк-музиката.

Таа рекла дека е среќна сум што и нејзиниот син Иван исто така се посветил на музиката, а во исто време е среќна што го дели нејзиниот живот со Горан.

– И тројцата ја делиме истата страст кон музиката, па ќе кажам и истите проблеми во врска со нашата работа. Кај нас дома сѐ е музика.

Реални сме и надвор и дома, но музиката секаде нѐ следи. Но, нормално, се случува некогаш кога сме уморни да сакаме да поуживаме и во тишината.

Но, тоа се само исклучоци. Нам душата ни е полна со музика. Како семејство така сме создадени, едноставно животот ни е музика“, изјавила Ленче.

-Струмица е мало градче, личи на Лондон, во него има триста чуда, па и ловен дом“.

Ова го кажаа Ленче Кукиќ и Горан Кукиќ кога гостуваат во емисијата „Мастраф муабет“. Таму раскажаа и многу досега нечуени нивни приказни, и за тоа како се имаат запознаено.

Ова била стара струмичка песна, и Ленче рече- тоа значи дека супер ќе се осеќате во Струмица, и ја прошетаа новинарката низ струмичкиот парк.

Потоа, ги прашаа дали на тоа романтично место, во паркот крај езерото се имаат запознаено. И Горан кажа:

-Во Струмица на улица, малку понагоре, ама тука. На струмичкото корзо. Па, мислам дека јас прв ја забележав“, рече Горан, а на ова Ленче одговори: Јас. И јас сум фрлила око, и он фрлил, и хоп- нашле се.

И љубов, и ете, денес сме заедно“, рече Ленче, а потоа заклучија дека се заедно 30 години и за нив немало трачеви и ска-ндали, и го открија рецептот за нивниот успешен брак.

-Јас секогаш викам дека љубовта е она првото. Ако има во сите сфери значи, ако во сите работи се прават со љубов, тогаш има и успех. Па дури и во бракот, ако има љубов, ако има разбирање, има се.

Тоа е единствениот збор кој го одржува бракот, па дури и разните работи за било што. И, ако пееш- пееш со љубов. Се осеќа тоа“, рече Ленче.

Оваа наша пејачка во интервју се Фешнел збпрувала за својата голема популарност и се отворила за својот животот, и исто така изјавила:

-Јас сум 30 години на музичката сцена и во мојата земја мислам дека ја добив најголемата популарност.

Но, учеството на „Никад није касно” го искористив во еден вистински момент бидејќи моите почетоци во кариерата се врзани со 1991 година кога се распадна Југославија и тогаш како помлад изведувач немав прилика да ме запознае поширокиот аудиториум и се случи тоа што требало да се случи.

Сега сум презадоволна, што ми се оствари тогашниот сон и успеав да се претставам пред милионска публика. А сето тоа нормално со себе носи и повеќе ангажмани и повеќе настапи и уште побогата кариера.

Затоа, за мене навистина ова беше остварување на амбиции од пред 30 години и апсолутно во мојот случај, за тоа што го посакав не беше доцна“.

Ленче потоа се навратила на спомените од „Никад није касно“, шоуто каде што таа победи и притоа рекла:

– Прекрасни спомени… Токлу убави емоции, што дури понекогаш посакувам да се врати 2019-та година кога победив, за повторно да ги почувствувам.

Лично за мене „Никад није касно” е едно богато искуство во смисла на комуникација со врвни професионалци кои си ја знаат работата, организација на највисоко ниво…

Воодушевувачка сцена, сето тоа во еден прекрасен амбиент со публика и огромна гледаност со аудиториум од неколку милиони луѓе.

Благодарна сум на можноста да искусам еден таков квалитетен проект со импозантна сцена на која повторно би се вратила.

Таму осознав вредности, кои можеби кај нас се изгубени. Се вреднува пејачот, неговиот талент, се вреднува песната по највисоки критериуми. Барем тоа е моето видување и моето мислење“, изјавила Ленче.

Претходна статијаЖивотот на Џамбазов го нарекоа изгубен- еве што одговори тој на овој коментар (ФОТО)
Следна статијаИзгледа како млада невеста, а не како мајка на 24 годишна ќерка- ова е најпосебната слика на Светлана Црнокрак