Еден од нашите најпознати пејачи кој долги години настапува по ноќните клубови е Јоце Панов. Тој инаку пеел и како предгрупа на познати пејачи како Цеца или Јелена Карлеуша кога гостувале во Македонија.
Во 2018 година, Јоце Панов реши да стави крај на ерегенскиот живот и по 10 годишна врска да стави потпис во матично и да „заплива“ во брачните води.
Имено, Јоце и неговата девојка Марина Нацевска започнале да се забавуваат десет години пред да се земат, а потоа нивната љубов одлучиле да ја крунисаат со брак.
“Доста е со ергенскиот живот и мене ми дојде време да се врзам, и тоа со онаа која ја засакав уште пред 10 години, за љубовта на мојот живот, за мојата Марина,“ изјави Јоце Панов за “Вечер” .
Панов бил романтичен, па запросувањето се случило покрај море во Турција, а потоа се случила свадбата во познат скопски ресторан која била ептен весела.
Јоце сними нова песна пред неколку дена и е на српски јазик. Се вика „Никоме не причам о нама“ и е целосно на српски јазик. Спотот го изработи Дејан Миличевиќ.
Панов е долги години на нашата естрада, тој настапувал на разни фестивали, во ноќни клубови, а снимал песни и на српски јазик и има гостувано на телевизиите во Србија, Црна Гора…
– Кај нас е тешко во било што да се успее, освен ако си политичар хехехе… ние не вреднуваме таленти и не ги поддржуваме никогаш, можеби и не знаеме да ги препознаеме, но кога надвор ќе постигнат голем успех дури тогаш велиме дека е наш. Мислам дека тоа е најголемиот проблем.
Кога би имало институции кои би се грижеле исклучиво само за вистинските таленти во било која област, би ги препознавале и би вложувале во нив, тогаш се би било поинаку.
Сведоци на фактот колку многу значи за една држава да има светски позната и респектирана личност, како што е примерот со Новак Ѓоковиќ.
Е кога така ќе почне да размислува нашата држава, тогаш ќе бидеме рамо до рамо со сите големи земји во светот, иако сме мала држава“, рече пејачот во едно интервју за Музика 24 и додаде:
– Мојата кариера не започна намерно или промислено, туку тоа е само едно продолжение на моите гени од фамилијата. Но, на естрадата прв пат професионално се појавив на “Макфест” 2006-та година.
Фудбалот е моја најголема желба од кога паметам за себе. Од моја 7 година почнав да тренирам во клубот Брегалница во Штип и буквално секој ден од мојот живот го поминав на стадион.
Но, Бог сакал да се занимавам со музиката и неосетно ми ја одреди патеката по која денес чекорам“.
Во едно интервју за Точка, тој зборуваше за простувањето: „Секогаш простувам, но никогаш не заборавам. Можам да простам и да заборавам како ништо да не било, само доколку сфатам дека некој ме повредил несвесно или немал друг избор.
Но, кога знам дека некој намерно и со умисла ми правел нешто „позади грб“ е тогаш никогаш не заборавам. Можам да простам за да не си ја трујам душата со омр аза, ама нема да заборавам никогаш и повеќе никогаш со такви луѓе“, рече Панов.
Јоце сними нова песна пред неколку дена и е на српски јазик.
Се вика „Никоме не причам о нама“ и е целосно на српски јазик. Спотот го изработи Дејан Миличевиќ.
Јоце неодамна објави една слика на која се гледа неговиот луксузен и со стил уреден дом. Сликан како свири во домашни услови, Панов најави нова музика но на сликата се гледа колку тој има вложено во својот дом.
Тој е доказ дека од музика може да се живее кај нас, и еден од оние пејачи кои живеат исклучиво од музика, колку што е познат Јоце кој инаку има син, нема ниту еден бизнис плус.