Изгледа како млада невеста, а не како мајка на 24 годишна ќерка- ова е најпосебната слика на Светлана Црнокрак

0

„Секоја жена е убава на свој начин. За мене не постои неубава жена, туку пред сè негувана и помалку негувана“, рекла во ед но интервју за Хибрид.мк Светлана Црнокарк.

Една од нашите најпознати модели од времето која е и сега активна, и заедно со сопругот Мики е сопственичка на модното студио „Црнокрак“ потоа додала:

-А кога зборуваме за убавина, секако дека се мисли на сите квалитети кои жената ги поседува и ги зрачи одвнатре надополнети и со надворешната убавина“.

– Како и секоја тинејџерка сонував да зачекорам на модните писти, да се најдам на насловна страница и да бидам дел од некој престижен избор на убавина.

И се разбира ми се оствари и тој сон. За прв пат на мои 18 години учествував на избор за убавина, Мис на Македонија. Тоа ми беше еден вид отскочната даска во мојата кариера.

Запознав луѓе кои ми ги отворија вратите во светот на модата. Иако ќе кажам дека тоа време беше многу потешко за разлика од сега, бидејќи тоа време кај нас не постоеја модни агенции, туку самите се грижевме околу нашите ангажмани.

Имам учествувано и освојувано многу титули на изборите за убавина, особено на интернационалните, каде што навистина бев горда како амбасадор на македонската убавина“, изјавила Светлана.

Со Мики се запознавме токму на модна ревија. Заедно работевме. Уште од самиот почеток на нашата љубов, најискрено си помагавме и си ги кажувавме своите недостатоци доколку ги имаше.

Така функционираме и сега во однос на работата. Убаво е кога сме и двајцата во иста бранша и мислам дека кога едниот не би го работел истото(бидејќи оваа работа е специфична) можеби би имало повеќе проблеми.

Жолтиот печат го прифативме како дел од нашата работа и мора да е присутен, но сепак во граници на нормалата.

Меѓусебното разбирање, љубовта, почитта, толеранцијата се и двигатели на нашата долгогодишна љубов, а како плод на тоа се и нашите две принцези Моника и Нина.

-Еден од најважните фактори за здравјето на човекот е начинот на исхрана.

Живееме во време кога буквално сѐ ни е достапно, почнувајќи од нутриционистите преку кои дознаваме и се едуцираме за правилен начин на исхрана, па сѐ до намирниците и начинот на нивно подготвување.

Се сеќавам како малечка дека имаше некои намирници, на пример, од овошјето бананите или ананасот кои беа „луксуз“ да ги купи секој, затоа што беа поскапи во однос на цената на другите производи, но и поради фактот што не беа достапни насекаде за да се купат.

Во денешно време, има буквално сѐ да се купи – изјавила Светлана во интревју за Слободен печат, а во истото интервјуго изјавила и следново:

– Уште како девојка сум била склона на тоа дека и вода да се напијам ќе се „фати“ за мене, а не храна… па решението го гледав во диетите.

Мислам дека сум ги испробала сите можни диети. Се сеќавам како средношколка и кога одев на училиште, во текот на одморот помеѓу часовите другарките јадеа тостови и сендвичи, а јас носев од дома некоја чорба со магдонос и си ја јадев.

Буквално секогаш бев ненајадена. Во тоа време не беа актуелни нутриционисти, немаше интернет и слично, туку ги применувавме диетите што ќе ги слушневме или по препорака од некого.

Но, сега работите се сменети. Според мене, диетите со гладување и неконсумирањето доволно храна се нездрав начин на исхрана кои негативно делуваат и на физичкото и на психичкито здравје.

За мене, диета претставува консумирање здрава храна, добро искомбинирана и надополнета со физичка активност.

Вака секогаш ги советувам нашите членови во агенцијата кои имаат поголема килажа и сакаат да ослабат, да практикуваат диета, но не со гладување, туку да ги исфрлат сите нездрави намирници и брзата храна и да се хранат здраво.

Тоа треба секој човек да го практикува, без разлика дали треба да ослабне или не. Тоа е начин на здрав живот. Затоа ќе повторам, диета со гладување – НЕ, туку правилно консумирање здрава храна“, изјавила Светлана.

Светлана на Фејсбук објави слики од Саемот на венчавки на кој била. Во креацијата која на носела таа изгледала како млада невеста, а не возрасна жена.

Верувале или не, Светлана има 43 години и е мајка на две ќерки. Моника има веќе 24 години, а помалата Нина 11 ипол години.

Нејзиниот сопруг Мики има 56 години, и тој изгледа доста младолико.

Претходна статијаЛенче Кукиќ искрено си кажа за тоа колку ја ценат во Србија- Осознав вредности, кои можеби кај нас се изгубени
Следна статијаГи покажа стомачните- Тамара шерна слика од теретана, вака никогаш не изгледала (ФОТО)