Иван Јованов моментално е во центарот на медиумите откога одекна веста дека Антониа чека дете со друг.
Секако, Иван уште нема проговорено, а најверојатно нема ни да проговори за оваа ситуација, освен што со чиста душа им посака на Антониа и неговиот најдобар другар сѐ најдобро, пред неколку месеци во интервју за „Бекстејџ“.
На една негова објавам Иван објавил фотографија на која привлече многу женски погледи. За тоа докажува коментарот на извесен познаник или пријател на Иван кој вели:
-Кога ми е досадно, отворам лајкови кај тебе и правам избор за мис Македонија и аднувам до 100та придружничка, што значи дека Иван има многу лајкови од понежната страна, а очигледно дека жените му се потпикуваат поради шармантниот изглед.
На ова Иван вратил со смеење и напишал: „Секогаш си имал конструктивен коментар.“
Од друга страна, Антониа за кусо време стана една од највлијателните на Инстаграм, а во разговорот за Женски Магазин, додека беше уште во љубовна врска со познатиот пејач од Либеро Бенд откри каква е кога е без шминка и кога не е на настап, и раскажува дека е многу чувствителна на негативните коментари од луѓето кои не ја познаваат.
Во овој разговор, Антониа кажа дека живее заедно со Иван. “Хаха, супер е, обврските се поделени, потребен е секогаш компромис.
Јадеме надвор, ретко кој се фаќа да зготви нешто, среќа не сме често дома па е секогаш чисто. Со настапите повеќе сме надвор отколку дома. Боно чува куќа.“
Потоа ја прашаа: Со оглед на тоа дека живеете заедно со Иван, размислуваш ли веќе за брак и семејство, во некоја подалечна или и поблиска иднина?
– Сè уште не, моментално сум посветена на музиката, тоа не ми бега, сите нас не чека тоа порано или подоцна“, одговори таа.
Но, потоа заврши љубовната бајка помеѓу пејачката Антониа Гиговска и нејзиното момче Иван Јованов.
Потоа, медиумте пишуваа дека трето лице е причината за нивното раскинување, а тоа е неговиот најдобар другар Роберт, а на оваа тена, Иван говореше во Бекстејџ.
По раскинувањето на еден од најпознатите парови кај нас, Иван почна да настапува со една од најдобрите другарки на Антониа, пејачката Мартија Станојковиќ, а потоа се зборуваше дека има нешто помеѓу нив и дека со Антониа се скарани, сѐ додека Мартија ги демантираше овие наводи.
– Дружбата со Антониа не ни е оладена. Јас живеам во Куманово, таа во Скопје и тоа е причината што не раздели последнове 2-3 месеци.
Јас живеев многу кратко во Скопје и ми беше многу пријатно да се дружам со неа додека сум тука.
Но, ете некои ситуации не оддалечија. Инаку, контакт си имаме. Како да кажам, си имаме врска на далечина,“ рече Мартија. Водителот инаку ја праша: Медиумите веднаш те чепнаа после твојот настап со Иван, па сега е прилика да демантираш дека ништо повеќе од пријателство.
Се мисли на нејзиниот настап со Иван Јованов, пејачот на Либеро Бенд, кој неодамна раскина со нејината пријателка Антониа: На ова, Мартија одговори:
– Да, јас и Иван се знаеме одамна, покрај тоа што се знаат нашите родители преку работата, се знаеме и јас и Иван преку Антониа, и ете јавно ќе кажам дека сѐ е професионално, сѐ си е на пријателски однос, си се почитуваме и тоа е сѐ“, рече Мартија.
Иван често настапува во познатиот бар Интермецо со Мартија, а понекогаш и сам со неговиот бенд. Очигледно е дека јавноста го обожава поради неговото добро срце, но и поради добриот и квалитетен глас.
На последната објава на Инстаграм, Иван објавил видео како ја пее познатата песна на Слоба Радановиќ, „Ако некој праша.“ Иван го објавил делот од рефренот, кој гласи:
„Ако некој ме праша, што e таа за мене, ќе речам ништо, без извинување…“
Очигледно е дека оваа песна многу го допрела Иван што ја пее со сите емоции, но не само него, туку и неговите обожаватели кои под видеото му редеа најпофални коментари.
Навистина, Иван има многу добар глас и оваа песна ептен му легнала.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ.