Игор Џамбазов на Златна Бубамара раскажал приказна за своето здравје- Ова го нема од 1993 година

0

Игор Џамбазов е заштитен знак не само на македонското глумиште, туку и човек кој со својот шарм и отвореност успева да го допре срцето и на обичниот човек“, објави во една прилика Фактор.

Со Џамбазов поредновогодишно разговаравме за сите негови животни подеми и падови, за тоа што научил од дедо му Петре Прличко, но и за тоа зошто театарот и жените се уништувачки ама и неопходни.

Има ли улога за која сте морале баш својски да се помачите и „превртите наопаку“ за да ја одиграте- го прашале во тој медиум, а Џамбазов рекол:

– Без двоумење, тоа е улогата на безименото дете во монодрамата „Детски работи“ од Ремон Кус, во режија на Коле Ангеловски.

Станува збор за шестгодишно детенце кое ја раскажува приказната на својот живот. Во таа негова 70- минутна временска машина, јас одиграв точно 22 улоги кои тој ги спомнува во своите приказни.

И со букви – двесетидве! Тоа беше предизвик на кариерата. Коле точно знаеше што треба да направиме, бидејќи ме познаваше како никој друг.

Тоа е улога после која конечно и колегите и театарските критичари почнаа да ме сметаат за актер на кого може да сметаат. Во 1994 година за неа ја добив наградата „Ристо Шишков“.

– Од мајка ми научив како се сака. Ако сакаш, сакаш без поговор. Таа ме научи како да ги сакам најблиските, како да ја сакам својата професија, како да го сакам секој ден од животот.

Ова последново не ми успеваше баш секогаш. И само тука ја разочарав. Од татко ми научив дека креативното лудило е дозволено. Од него научив и дека најважна е чесноста.

И се трудев да бидам чесен. Мислам дека успеав, затоа што во животот бев нечесен само кон себе. А од дедо Петре научив дека ако не мислиш дека си центар на светот, не можеш да бидеш актер, хехехехе…

од него научив дека „боемштината“ не значи да си пијан од утро до мрак. Дека тоа е начин на живот. Боемштината се љубовта, другарството, музиката и поезијатаво едно.

Клучните точки што ме дефинираат? Уффф…кај ме најде сега ? Мислам дека она што ме дефинирало како личност е заслуга само и само на моите гени.

Тоа е една од малкуте работи од кои не можеш туку-така да избегаш. Гените. Како човек, како личност, мене ме дефинираа моите родители, пријатели, песни, улоги, книги, концерти. И имам намера уште долго да ме дефинираат.

Секој од нас е слободен онолку колку што се труди. Слободата како да е насекаде околу нас, само што ние тешко ја детектираме.

Тврдам дека слободата на секој од нас се наоѓа во нашата глава. И само таа слобода никој не може да ви ја одземе. На неа имате доживотно авторско право“, рекол Игор.

Игор Џамбазов се појавил на Златна Бубамара на популарноста, која се одржала по 26 пат и каков што го знаеме се шегувал на свој начин.

Џамбазов пеел песна за Горан Пандев кој земал награда, и во песната, на интересен начин го опишал патот и успехот на нашиот Гранде Гоче Пандев.

Исто така, тој оддал почит на оние кои се упкоени, а останаа во легендите: Милан Завков, Катерина Крстева- Мара Попара и Марин Бабиќ.

А дал награда и на докторите кои минатата година за прв пат извршија тран спла тација на црн др об во Македонија. Тој им рекол на докторите:

„Јас црн др-об немам од 1993 година“, на што публиката во салата се насмеала.

Претходна статијаБилјана: Толку сум изреволтирана и нема веќе да ќутам
Следна статијаЕмотивно обраќање на Горан Пандев- си кажал што му лежи на срце после осум месеци